ЦРКОВНИОТ ПАТ НА ОВЧЕПОЛИЕТО
- Патека на мирот и духовната тишина
Нашето патување започнува од црквата Св. Константин и Елена во Штип(пред ПК Македонка), тивок почеток под сенката на светостa, каде чекорот не е само физички, туку и духовен. Овој пат не е обична прошетка. Тоа е патека на
смирението, чекорење кон внатрешниот мир, во тишина што зборува повеќе од зборовите.
Патот не води кон ранохристијанската базилика над селото Чардаклија, свето место што со векови шепоти молитви впишани во камен. Таму ќе застанеме со почит, дозволувајќи му на просторот да не потсети на вечноста, на истрајноста на верата и на тишината како молитва.
Од таму, патеката продолжува со блага тишина, преку Ежово кон селото Сарчиево.
Со секој исчекор кон месноста Ежово ја оставаме зад себе бучавата на секојдневието. Погледите кон долината се отвораат како прозорци кон душата. Ова е време за внатрешно слушање, за дијалог со себеси.
Во срцето на с.Сарчиево се воздигнува црквата Св. Петка, нашата крајна духовна станица. Ова е место на завршување, но не и крај. Овде, во мирот на ридовите и во закрила на светата црква го завршуваме патот, со срце исполнето, со душа осветлена.
Ова е повик да ни се придружите заедно пешачиме и да се движиме по патот до внатрешната тишина.
9.11.2025г. ( недела )
Повеќе детали наскоро...
Ваш ПК "Лисец" -Штип
You may also like the following events from ДПС Лисец - Штип / DPS Lisec - Shtip:
- This Thursday, 23rd October, 09:00 am, Со љубов кон природата, верата и македонската историја in Veles
- This Sunday, 26th October, 08:00 am, По патеката на Лукаров in Veles
- Next Sunday, 2nd November, 09:00 am, ЛИПОВ ДОЛ - рекреативна патека во околината на Штип in Veles