Планинари, рекреативци и љубители на природата!
ДПС" Лисец"- Штип ве поканува на 23 октомври 2025 година, со почеток во 9 часот, да го прославиме Државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Овој празник се одбележува по повод основањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година, кога е поставен темелот на организираната борба за слобода на македонскиот народ и овој датум симболизира континуитет на македонската борба за независност и самостојна држава.
Во рамките на настанот ќе го осветиме крстот поставен од ДПС "Лисец " Штип на карпестиот гребен кај црквата Св. Јован Крстител, која се наоѓа на тромеѓето меѓу атарите на селата Горни Балван, Батања и Горно Трогерци. Црквичката Св. Јован е изградена во 1948 година врз темелите на средновековна црква, а останките од темелите сè уште сведочат за нејзината богата историја.
Ќе се одржи и панихида во чест на Иван Јанев Брлев, познат како Брло, македонски револуционер и војвода од Штипскиот округ кој бил активен учесник во македонското револуционерно движење и организатор на вооружени акции на ВМРО. Тој е поврзан со значајни настани од македонската историја и револуционерна борба.
Патеката е во должина од 8 км, маркирана, лесна и е погодна за сите љубители на планинарењето и природата.
Старт: село Горни Балван
Време: 9 часот
Датум: 23.10.2025
* соодветна облека, удобни обувки, 1л. вода, ужинка од ранец...
Ве очекуваме да ни се придружите и заедно да го одбележиме овој значаен ден со љубов кон природата, верата и македонската историја!
#дпслисец #LjubovVeraMakedonija
You may also like the following events from ДПС Лисец - Штип / DPS Lisec - Shtip: