🌿 ЛИПОВ ДОЛ
- алтернативни патеки во околината на Штип
📅 2 Ноември 2025 (недела)
🕘 Старт: 09:00 часот
📍 Собирно место: Суитлак, Штип
Организатор: Планинарски клуб Лисец – Штип
Планинарскиот клуб Лисец – Штип ве поканува на лесна и релаксирана есенска прошетка по една алтернативна патека во околината на Штип – Липов Дол.
📌 Опис на патеката:
🔹 Должина: околу 16 км
🔹 Висинска разлика: 100–150 м
🔹 Тип: лесна, рекреативна, погодна за сите
🔹 Патеката е целосно маркирана
👉 Се поаѓа од Суитлак по стариот пат кон селото Липов Дол. Таму правиме краток одмор и разгледување. Во селото има природен извор со вода.
▶ Потоа се преминува реката Отиња и се продолжува кон реката Чепровка, низ предел со тревна и ниска вегетација.
▶ Стигнуваме до новоизградениот манастир „Христово Рожденство“, каде има уредена чешма со свежа вода и простор за одмор.
▶ Од таму се движиме назад кон Штип, минувајќи покрај новата брана во изградба, повторно преминуваме преку Отиња и се враќаме во Суитлак.
🎒 Што да понесете?
Удобна спортска облека и обувки
Вода и лесна ужина
Фотоапарат или телефон – ќе има што да се слика!
Добро расположение 😊
💚 Приклучи се!
Патеката е совршена за:
👣 Планинари
🌳 Рекреативци
👨👩👧👦 Семејства
📸 Љубители на природа
Ве очекуваме на 2 ноември (недела) во 09:00 часот – Суитлак!
Пријавување до 31.10.2025(19 часот) на тел/вибер порака
Емилија 070-348-845
Александар 070-210-063
Ајде заедно да уживаме во природата и есенската магија!
#ПКЛисец #ЛиповДол #РекреативнаТураШтип
You may also like the following events from ДПС Лисец - Штип / DPS Lisec - Shtip:
- This Thursday, 23rd October, 09:00 am, Со љубов кон природата, верата и македонската историја in Veles
- This Sunday, 26th October, 08:00 am, По патеката на Лукаров in Veles
- Next month, 9th November, 09:00 am, ЦРКОВНИОТ ПАТ НА ОВЧЕПОЛИЕТО in Veles