10 години YÖU - 10 years of Singing the Blues
24.10 (петок) // 20:00ч // МКЦ
10 години YÖU, 10 години истрајност и сирова, бескомпромисна емоција на сцената, утешителен вресок во празнината преплетен со духот на DIY етиката.
Дојдете да прославиме со носталгичен времеплов, сублимат на сите концерти, турнеи, изданија и пријателства низ годините, со цел да твориме уште долго во иднината.
Концертот ќе се одржи во нашиот дом МКЦ, на 24. октомври (петок), а наскоро ќе објавиме и информации за бендовите и гостите кои ќе ни се придружат во споделувањето на ова поглавје од нашата приказна.
Картите се достапни на www.drugastrana.mk
* 400 ден во претпродажба
* 500 ден на денот на концертот
* 600 ден на врата
Со љубов,
Марко, Тејка, Бојан и Ерик