16+
Режија: Иван Пеновиќ
Превод: Соња Должан
Сценограф: Лазе Трипков
Костимограф: Александар Ношпал
Композитор: Владимир Пејковиќ
Сценски движења: Дамир Клемениќ
Улоги:
Лазар Христов
Јулита Кропец
Марко Гверо
Соња Стамболџиоска
Лазар Николиќ
Вукашин Јовановиќ
Нејц Језерник
Марјан Наумов
Јована Спасиќ
Копродукција:
Местно гледалишче Љубљанско (МГЛ)
Градски театар во Будва - фестивал (ГТБ)
Белградски драмски театар (БДП)
Драмски театар Скопје (ДТС)
Премиера во Будва: во август 2025 година.
Премиера во Скопје: во октомври 2025 година.
Премиера во Белград: во декември 2025 година.
Премиера во Љубљана: во февруари 2026 година.
Претставата е посветена на петгодишнината од смртта на Душан Јовановиќ.
Комедијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ е текст од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ, напишан во формата на комедија дел арте. „Плејбоите...“ се напишани во 1972 година, а првпат се изведени во Местното гледалишче Љубљана една година подоцна. Напишани се во периодот на исклучително бурни меѓународни и регионални историски движења, во духот на „Сексуалната револуција“ и „Пролетта од 1968 година“, како и под влијание на околностите во тогашна Југославија на кои реагираа уметниците од најмладата генерација. Во нивните дела е присутен таканаречениот „лудизам“ – специфичен одговор на „тешките теми“ што ги отвори повоената генерација млади луѓе. Лудизмот се карактеризира со целосно отсуство на каква било потрага по смисла, одговори или решенија за егзистенцијалните тешкотии; тој повеќе ги прифаќа работите такви какви што се и, наместо да бара излез во дадените околности, дозволува настаните да се одвиваат низ „опуштена игра“. Сето ова важи и за „Плејбоите...“. Тоа е вителот на живата еротика, младост и незаузданата, вечно незаситна страст. Сепак, меѓу редови се насетува и една празнина, суета и егоизам на општеството што постојано трча по уживање. Денес, половина век по ‘68, суетата и бесцелноста остануваат актуелни, а им се придружуваат и трката по материјалниот статус, но и егзистенцијалниот страв.“
You may also like the following events from Dramski Teatar Skopje: