Планинарски клуб „Лисец“ Штип организира рекреативна прошетка и искачување на Црн Врв (997 мнв) во околината на Штип!
Ако сакаш да се релаксираш, да вдишеш чист воздух и да уживаш во убавините на природата, ова е вистинската шанса за тебе! Прошетка погодна за сите: рекреативци, вљубеници во природа, семејства, почетници и љубопитни авантуристи!
📅 Датум: 18 октомври 2025 (сабота)
⏰ Почеток: 09:00 часот
📍 Место на собирање: Село Шашаварлија, кај црквата и селската чешма (тукa се оставаат возилата)
🚶♂️ Траса:
Со возила по асфалтен пат се стигнува до село Шашаварлија, каде ќе ги оставиме возилата. Потоа пешачиме по маркирана патека кон село Калапетровци, каде ќе направиме кратка пауза покрај селската чешма, во близина на црквата. По паузата се искачуваме на Црн Врв (997 мнв), од каде ќе уживаме во прекрасен поглед кон Плачковица, рудникот Бучим, планината Серта и околината на Штип. Потоа благо се спуштаме назад кон возилата. Вкупната должина на патеката е околу 13 км, со благо искачување од само 300 мнв.
⌛ Времетраење: Околу 4-5 часа
🎯 Ниво на тежина: Лесна и рекреативна патека – не бара посебна физичка подготовка, само добра волја, удобни обувки и насмевка!
🎒 Што да понесеш:
Удобни обувки за пешачење
1 литар вода
Повеќеслојна облека според временските услови, кабаница за заштита од дожд и ветровка
Лесна ужинка
📸 Ќе имаме и кратки фото-паузи за да ги доловиме убавините на есента и природата.
⛰️ Ако душата ти бара мир, боја и природа – приклучи се!
🌍 За пријава или повеќе информации телефон или вибер порака
Емилија 070-348-845
Александар 070-210-063
Најдоцна до петок 17.10.2025 (до 19 часот)
💚 Пешачењето е здравје – нека оваа авантура ти донесе сила, енергија и убави спомени!
You may also like the following events from ДПС Лисец - Штип / DPS Lisec - Shtip: