ЧУЈ ПЕТЕЛ НЕ ЧЕКА!
22.11.2025 (сабота)
Доколку временската прогноза не биде наклонета, акцијата ќе биде презакажана. Следете не за навремени информации.
Старт:
Се вози по асфалтен пат кон с. Шашаварлија, по патот ќе наидете на јасна ознака каде што ќе ги оставиме возилата покрај патот.
Најлесен пристап:
Од Штип, населба Леваци, возете право по патот кој води кон с. Шашаварлија. Внимавајте на патоказот, лево води кон манастирот Св. Недела (Мирјанина црква), а вие продолжувате право напред.
Опис на патеката:
Од местото каде што ги оставаме возилата продолжува широк земјен пат, потоа рамна шумска патека и потоа ќе се движиме по патека која оди покрај Благова река се до водопадот. Потоа следува дел со искачување и потребно е внимателно движење. Патеката излегува на сртот и од таму води кон врвот ЧУЈ ПЕТЕЛ (822 мнв).
Вкупна должина: 9 км
Време на движење: ~ 7 часа со паузи
Елевација: 517 метри
Потребна опрема - Секој учесник да понесе:
* повеќеслојна облека соодветна за периодот,
* јакна за дожд и ветер,
* водонепропусни чевли,
* храна од ранец, овошје, јаткасти плодови, сендвич (според сопствените потреби),
* најмалку 1.5 л вода,
и секако – добро расположение!
Организатор: ПК" Лисец"- Штип
Задолжително пријавување до 21.11.2025 (петок) до 20 часот, со име и презиме и град
во вибер порака или тел:
Петре 070 - 227 - 648
Емилија 070 - 348 - 845
⚠️ Важно:
Секој учесник е одговорен за сопствените способности и учествува на сопствена одговорност.
Секој учесник треба да ги следи препораките на организаторот и да се движи во група.
Организаторот го задржува правото да ја одложи акцијата во зависност од временските услови.
#ЧујПетел #ЛисецШтип
You may also like the following events from ДПС Лисец - Штип / DPS Lisec - Shtip: