Планинарска акција во чест на Св.Спиридон Чудотворец - Плачковица
во организација на ПК "Лисец" – Штип
27.12.2025 (сабота)
Почеток: 09:00 часот
Старт: Билборди
(Се оди по асфалтен пат од Штип, Карбинци до билборди)
Траса:
Кружна патека од Билборди преку ливадите до врв Туртел (1.607 м н.в.), потоа врв Црквиште (1.689 м н.в.), црква Св. Спиридон, спасителна станица (одмор со топол чај) и спуштање назад до Билборди.
Вкупна должина: 13 km
Елевација: околу 700 м
Опрема и препораки:
Храна од ранец според потребите
(чоколадо, јаткасти плодови, суво овошје, сендвич)
1,5 литри вода / чашка за чај
Облека според временските услови
Капа, бандана, ракавици, очила за сонце
Водонепропусни чевли
Планинарски стапчиња (по потреба)
Пријавување:
Пријавување најдоцна до 26.12.2025 (15:00 часот)
Преку Вибер порака или телефон:
Емилија – 070 348 845
Александар - 070 210 063
⚠️ Важно:
Секој учесник е одговорен за сопствените способности и учествува на сопствена одговорност.
Организаторот го задржува правото да ја одложи акцијата во зависност од временските услови.
🎄 🎄🎄🎄🎄
Да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата година во добра дружба, на чист воздух и со полни срца. Да се прегрнеме силно, да си посакаме најубави желби и да го споделиме духот на празниците меѓу планините и природата.
You may also like the following events from ДПС Лисец - Штип / DPS Lisec - Shtip: