Фото група „Широк Агол“ – Втора годишна изложба
Фото групата „Широк Агол“, формирана во 2023 година, обединува осум искусни фотографи аматери посветени на уметничката фотографија и визуелното раскажување. Во изминатата година групата продолжи со својата мисија – активно учество на меѓународни конкурси, организирање фотографски настани и документирање на културните, спортските и општествените случувања во нашиот град и регионот.
Со втората годишна изложба, групата претставува 37 фотографии во формати 30×40 см, 25×45 см и 30×30 см, организирани во осум авторски колекции:
„Линии“, „Сведоци“, „Мото собири“, „Структури“, „Емоции“, „Рефлексии“, „Патувања“ и „Птици“.
Темите ја обединуваат документарната и уметничката визура на фотографите – од архитектонски и геометриски мотиви, преку културни и човечки сцени, до поетски прикази на светлина и движење.
Преку оваа изложба, групата „Широк Агол“ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на фотографската култура и визуелната уметност во Штип и пошироко, создавајќи простор каде што фотографијата зборува со автентичност, емоција и искреност.
Инфо за термин и галерија:
Галерија 22 (Дом на културата Ацо Шопов - Штип)
28 ноември 2025 во 19:00