ВПСК Неготино заедно со спонзори и пријатели и оваа година ќе ја организира планинарската, рекреативната тура по повод празникот 8 МИ НОЕМВРИ.
* Стартот е закажан на 09.11.2025 во 8 часот во с. Тимјаник.
Се движиме кон местото “Београд” се до “Тимјаничка цуцка” каде е предвидена поголема пауза.
Потоа движиме кон село Тимјаник, се до Црква „Св. Богородица“ каде е поставена чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушничка 🙏
Таму организаторот има обезбедено ручек.
**Турата е лесна и долга околу 15км.
‼️Секој учесник задолжително да ги следи инструкциите на организаторот и на одговорните назначени од организаторот.
Задолжителна опрема:
- Соодветни чевли за пешачење
- Соодветна облека
- Резервна маица
- Вода
- Ранец
‼️Строго забрането фрлање пикавци ‼️
(секој учествува на своја одговорност)
Ве молиме пријавете го своето присуство кај Зоран Лазов 070 306 633 и Даниел Јакимов 076223204