Искачување на Солунска Глава по повод празникот 9 Ноември – Денот на ослободувањето на Велес!
Планинарскиот дом Чеплес со особена чест и радост ве поканува на традиционалното искачување на Солунска Глава по повод 9 Ноември – симбол на слободата и заедништвото!
Ако сакате да го почувствувате духот на планината Јакупица во нејзиното највеличествено издание – време е да ни се придружите!
Што ве очекува:
• Организирано искачување: Под водство на искусни планинари, ќе тргнеме од Планинарскиот дом Чеплес по една од најубавите патеки кон врвот.
• Домашен ручек: По искачувањето ве очекува топол, вкусен и заслужен ручек во домот – совршен завршеток на авантурата.
• Добро дружење: После ручекот, ќе имаме време за одмор, разговори, фотографии и нови пријателства покрај планинскиот амбиент.
Детали за настанот:
08.11.2025 (Сабота) - пристигнување во Планинарскиот дом Чеплес
09.11.2025 (Недела) - искачување на врвот Солунска Глава
• Место на поаѓање: Планинарски дом Чеплес
• Време на тргнување: 07:00 часот
• Траса: Чеплес – Солунска Глава – Чеплес
• Цена: Стар дел – 400 ден., Нов дел – 600 ден.
🎒 Понесете: удобни обувки, храна и вода за време на турата.
Бројот на места е ограничен – резервирајте го вашето место навреме!
🚗 Патот до П.Д. Чеплес е прооден за доаѓање со автомобил преку с. Нежилово со внимателно возење (препорачуваме високо возило – џип).
📞 За пријавување и повеќе информации, јавете се на 070377292.
💳 Секоја резервација е валидна само со претходна уплата.
Ве очекува викенд исполнет со планинарење, дружење и многу позитивна енергија. 💚