По повод 81 години од ослободувањето на Велес од спрегите на фашизмот, ЕГ „Грин Пауер„ и Алпинистички клуб „Велесин„ на 8-ми и 9-ти ноември(недела) организираат традиционално кружно искачување на Солунска Глава(2540 мнв), највисокиот врв на Јакупица која е дел од петте планини кои го сочинуваат најголемиот планински масив во Македонија - Мокра.
ДЕТАЛИ : Планирано е искачување на Солунска Глава од конаците на Орешки Манастир „Св. Ѓорѓи„(1100 мнв) со симнување преку Планинарски дом Чеплес до село Папрадиште.
СТАРТ на турата : 9-ти ноември( недела) од Орешки Манастир во 5.30 часот .
После 2.5 км се излегува на кружната патека Куртовица- Плавник-Горна Бабина Дупка.
Очекувано пристигнување на врв од 11.30 до 12.15 часот. Очекувано пристигнување во Папрадиште, најдоцна до 17 часот.
Со оглед на раниот старт на качувањето, предвидено е ноќевање во сабота во Манастирот Свети Ѓорѓи во четирикреветни затоплени соби со посебни тоалети и туш кабини. Манастирот располага и со комплетно опремена кујна, надворешна фурна , скара и трпезарија.
ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ :
Почетна точка : Манастир Свети Ѓорѓи(1100мнв), Куртовица (1700мнв)- Горна Бабина Дупка(2100мнв) -врв Солунска Глава (2540)-Долна Бабина Дупка(1680)- дом Чеплес(1430)-Папрадиште(1000).
Вкупна должина на патеката : 26 км
Висинска разлика 1440 мнв, 
ТЕЖИНА : средно тешка/тешка.
Првите 60 минути(2.5 км) има сериозен континуиран наклон, и се оди по маркирана патека во жолто-црвена боја до излегувањето на Куртова ливада.
Патеката од Куртовица до Горна Бабина Дупка(под Плавник) е маркирана со сино-жолта боја, се оди по изохипса, а теренот е карпест во комбинација со сипар .
На Горна Бабина дупка(2100мнв) патеката се спојува со главната трансверзала и се оди по црвено бела маркација до врвот Солунска Глава.
Во овој дел е планирано спојување и со групата од Планинарскиот дом Чеплес. 
Враќањето назад е преку Долна Бабина Дупка, Планинарскиот дом Чеплес и завршува во село Папрадиште.
ВКУПНО КИЛОМЕТРИ во обата правци : 26 км.
МАКСИМАЛЕН ПОЗИТИВЕН НАКЛОН (искачување) : 23 степени
МАКСИМАЛЕН НЕГАТИВЕН НАКЛОН (спуштање) : 24 степени
Турата не е за ПОЧЕТНИЦИ и Потребна е ОДЛИЧНА физичка кондиција и планинарска опрема содветна за есенско-зимски услови - разгазени планинарски чевли, водоотпорна јакна/кабаница и јакна против ветер(софтшел/шушкавец), ракавици, капа и наочари за сонце, челна ламба.
Храна од ранец и вода минимум 1.5 литар.
Вода има на две места : На Куртовица( во првиот 1 час) и на симнување на Долна Бабина Дупка(после 18 км)
ЦЕНА:
- 1300 денари за пријавените од Скопје.
- 1100 денари за пријавените од Велес.
Во цената е вклучен превоз од Скопје/Велес до Орешки Манастир во обата правци+едно ноќевање во четирикреветни соби+ вечера ,салата и два аперитиви.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА е резервација и потврда на присуство телефонски или лично.
Пријавувањето трае до пополнување на предвидениот број.
КАПАР : 500 денари(кај одговорните лица)
ТРГНУВАЊЕ СО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ :
- Сабота, 9-ти ноември во 10.00 часот од железничка станица Скопје(Пошта 2).
Од Велес тргнувањето е во сабота(9-ти ноември) во 10.45 ч. од паркингот пред Основниот Суд во центарот на градот.
ПРИСТИГНУВАЊЕ и СМЕСТУВАЊЕ во Орешки Манастир : 12.30 часот.
Во сабота после сместувањето по договор е предвидена рекреативна посета на Орешки водопад до кој се стигнува за 35 минути по лесна и рекреативна патека.
Доколку не се пријават доволно луѓе од Скопје, ќе се организира превоз само од Велес или секој доаѓа во сопствена режија.
НАПОМЕНА :
- Сите кои ќе ноќеваат во манастирот Св.Ѓорѓи ЗАДОЛЖИТЕЛНО да си ги средат собите и креветите, и да ги вратат во првобитна состојба.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да се измие приборот после употреба
ИНФОРМАЦИИ и пријавување :
Oд Велес : 
075 361 877( Игор), 
070/216 106 ( Слободан-Бобо), 
071/296 - 980(Ангела)
078/276-148 (Даниела)
070/989-743 (Виктор)
За превоз Од Скопје : 070/ 330-679 (Љубо) 
ПРИЈАВУВАЊЕ : До среда (5-ти ноември) или до пополнување на бројка.
ВАЖНО : Секој учесник со пријавувањето се СОГЛАСУВА за условите, доаѓа на сопствена одговорност и е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови,  и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување и нарушување на дисцилината и на куќниот ред .
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки. Организаторот го задржува правото да ја скрати, промени, одложи или откаже турата, доколку проценките на теренот или временската ситуација го наложат тоа.
- Императивно, вашето ѓубре(органско и неорганско) да го носите со себе во ранец до првиот контејнер.
ЗАБРАНЕТО консумирање на алкохол и психотропни супстанци за време на траење на планинарската тура.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на високи ДОБРО РАЗГАЗЕНИ обувки, вода(2 литри), храна и повеќеслоеста облека(кабаница, ветроотпорна јакна)
Доколку постои сериозна можност за лошо време( грмотевици, ветер, снег магла или пороен дожд) искачувањето ќе биде откажано, или рутата на движење ќе се скрати.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ !!