✨ Работилница: Судбина и Избор ✨
📅 4 октомври 2025 (сабота)
🕛 12:00 – 18:00 часот
📍 Психолошко советувалиште „Психофокус“
Во животот постојано се движиме помеѓу судбината – она што ни е дадено, и изборот – нашата слобода.
Родителите, семејството, културата, телото, вредностите што сме ги наследиле – тоа е нашата судбина. Тоа не можеме да го менуваме. Но можеме да избереме како ќе живееме со тоа.
Токму тука се јавува храброста – да го погледнеме во очи она што било, да ја прифатиме вистината за нашето минато и да одлучиме како ќе создадеме иднина. Без храброст љубовта, простувањето и толеранцијата се само привремени состојби. Со храброст тие стануваат наш пат.
👉 На оваа искуствена работилница ќе работиме на темата „Судбина и Избор“, преку два моќни метода:
🌿 Семејни констелации по Берт Хелингер
🌿 Скулптурирање според Вирџинија Сатир
Овие техники ќе ти помогнат да:
-се поврзеш со своите корени и наследство,
-ја прифатиш судбината и да ја претвориш во сила,
-најдеш нови избори и поголема слобода во својот живот.
👥 Групата е со ограничен број на учесници – работиме во интимна и безбедна атмосфера, со целосна поддршка за секого.
за Клубот Патот на Душата прочитај повеќе ТУКА
https://healthylifeskills.mk/klub-pat-na-dushata/
Работилницата и Клубот го водат:
👩🦰 Билјана Пешева – автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
👩⚕️ Анета Начевска – специјалист по медицинска психологија, системски семеен терапевт и долгогодишен практичар во индивидуална и групна психотерапија.
💰 Цена: 3000 денари
📲 Задолжителна пријава на Viber 070 234 740 или во порака