„Патем книгата ја читав во основно и уште го паметам чувството - прекрасно - и истата е главната инспирација за оваа изложба „Дон Кихот“.
Го зема својот шлем и го става на глава. Во тој момент Дон Кихот се самопрогласува за витез. Се качува на својот коњ и тргнува по измислените мисии.
Ете ја инспирацијата!“
Во 2025 година, Ертунч Сали го претвора КСП ЦЕНТАР ЈАДРО во изложбен салон на цела војска. Со изложбата насловена „Сакате ли војна?“, тој превзема улога инспирирана од Дон Кихот: како што Кихот самиот се прогласил за витез, така уметникот се прогласува за диктатор над уметноста. Но, оваа диктатура не е насочена кон тиранија, туку кон судир. Судир со јавноста, со пазарните барања, со самиот концепт на културата денес.
Исто како што Кихот го зема Санчо Панса за негов придружник, така и уметникот се здружува со седумгодишниот Ведран Трошански и двајцата соработуваат на инсталациите. Со својата пасија кон оригамите која ја претвори во сериозно хоби, Ведран ги изработува сите оригами во форма на борбени авиони и тенкови за диктаторот и тој се вклучува во војната како специјален гостин на диктаторот, поточно малиот оригамист.
Современиот уметник, како и неговите претходници, од Микеланџело кој ги презирал своите покровители, а сепак создал вечни дела е принуден да се мери според мерилата на дизајнот и пазарот. Сали ја поставува истата дилема денес: Кому му припаѓа културата денес? На уметникот, на јавноста или на оние што плаќаат?
Време е да се каже „ДОСТА“ и да се образува публиката, која изложбите ги претвора во моден подиум, мебелот во критериум и врти грб на делата за кои е дојдена. Се поставуваат прашања кои остануваат неодговорени. Но, пустиот уметник, не е во можност да создаде решение кога не е побарано од него.
Со над 1500 цртежи и неколку инсталации, уметникот – инспириран од Дон Кихот – се прогласува за „диктатор на уметноста“ и објавува војна против јавните барања. Ова не е само изложба, туку драматичен судир меѓу уметноста и нејзината публика. Ова не е лична мисла, туку колективното мислење на креативци.
“Сaкaте ли војна?” ќе биде отворена на 30.09 во 20 часот во просториите на КСП Центар Јадро, а до 8ми Октомври ќе може да ја видите. Просторот ќе биде отворен секој ден од 18:00 до 22:00 часот.
Изложбата е поддржана од Министерство за Култура и Туризам.