Режисер: Драгана Милошевски Попова
Драматург: Викторија Рангелова - Петровска
Улоги:
КОРИН ФЕЛ - Биљана Драгиќевиќ Пројковска
ХЕДЕР КЛАРК - Ања Митиќ
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Прва проба: 22.03.2025
Премиера: 9.5.2025г.
„Гидионовиот јазол“ е моќна и вознемирувачка приказна за вината,одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник. Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Дипломира на Универзитетот „ДеПаул“ (DePaul University) во Чикаго, магистрира на Факултетот „Хунтер“ (Hunter College) во Њујорк. Авторка е на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Тематски обработува општествено актуелни прашања. Нејзини најпознати дела се: „Гидионовиот јазол“ (Gidions Knot) со повеќе од 40 премиерни изведби низ целиот свет, како и „Светски градители“ (World Buillders), „Без милост“ (Sans Merci), „Ангел јадач“, трилогија (The Angel Eaters Trilogy). Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.
Драгана Милошевски Попова,
режисерка
*ГИДИОН е име од хебрејско потекло, (о)значува војник, воинствен човек,
поточно личност со силна волја.
You may also like the following events from Dramski Teatar Skopje: