🌟 Работилница на Системски Констелации & InnerDance 🌟
16 август | 11:00 – 17:00 часот | Студио, ул. Пандил Шишков бр.19, Аеродром – Скопје
Дали чувствуваш дека некои предизвици постојано се повторуваат во твојот живот?
Дали посакуваш длабоко поврзување со себеси, својата душа и својата вистина?
Те покануваме на трансформативна работилница каде што ќе патуваме длабоко – во ткивото на твоето семејно наследство и во бескрајниот простор на твојата внатрешна мудрост.
🌀 ШТО ЌЕ РАБОТИМЕ?
🔹 _Системски Констелации со Ирена Апостолова_ – сертифициран системски констелатор
Ќе го истражиме коренот на твоите предизвици – скриените динамики што се пренесуваат од генерација на генерација. Преку оваа метода, ќе осветлиме несвесни врски и ќе внесеме ред, љубов и слобода во твојот живот. Констелациите ни помагаат да ги разбереме и ослободиме моделите што не држат заглавени во повторувачки животни сценарија.
🔹 InnerDance со Маја Марија – сертифициран InnerDance фасилитатор
Во безбедна и поддржувачка атмосфера, ќе се препуштиме на патување кон повисокото Јас преку музика специјално дизајнирана да ја „разбуди“ свеста, движење, енергија и интуитивен допир. Телото и душата танцуваат заедно – ослободуваат, исцелуваат и се присетуваат на својата автентична вибрација. InnerDance е врата кон длабока интуитивна трансформација.
✨ Комбинирајќи ги овие две моќни алатки, ќе се движиме од коренот на проблемот – до неговото ослободување и целосна телесна интеграција.
📍 Каде? Студио на ул. Пандил Шишков бр.19, Аеродром – Скопје
🕚 Кога? 16 август (петок) од 11:00 до 17:00 часот
☕ Во текот на денот предвидени се:
– Кратка кафе пауза
– Пауза со лесна закуска – за да бидеме енергетски поддржани и присутни.
👥 Работилницата ја водат:
– Ирена Апостолова | Системски сертифициран констелатор
– Маја Марија | Сертифициран InnerDance фасилитатор
🔔 Бројот на учесници е ограничен.
📩 Пријави се навреме во ДМ или вибер.и обезбеди го своето место за учество.
Ирена : +389 70 531 363
Маја Марија : +389 70 316 618
💫 Дозволи си да се видиш. Да се почувствуваш. Да се ослободиш. Да се поврзеш.
Дојди на ова патување кон твојата длабока вистина.
Со Љубов и Светлина, <3 ✨
Маја и Ирена