📅 23 октомври (четврток, неработен ден)
🕚 почеток во 11:00 часот
📍 Проефект – Центар за обуки, Скопје
✨ Ние, луѓето, сме жители на два света
Оној внатре во нас — каде живеат мислите, лојалностите, ставовите и одлуките.
И оној надвор од нас — надворешниот свет во кој се движиме, работиме, љубиме и се поврзуваме.
Во шаманската перспектива, овој „надворешен“ свет не завршува со материјата. Тој се протега и кон невидливиот свет на енергија, каде се впишани сите сеќавања – нашите лични, но и оние на нашите предци. Тоа е колективното несвесно, живо поле во кое се чува меморијата на човештвото.
Преку телото, вниманието и движењето ние можеме да стапиме во контакт со тоа поле. И токму затоа Семејните Констелации се еден од најмоќните начини за истражување и исцелување на внатрешните и семејните динамики.
🌿 Што се случува на Семејни Констелации?
Во безбедно и поддржувачко поле, преку групна работа, учесниците влегуваат во контакт со длабоки семејни и животни обрасци.
Секој што поставува констелација добива увид, ослободување и нова перспектива.
А оние што учествуваат во туѓи констелации, иако не ја поставуваат својата приказна, доживуваат свои лични трансформации – бидејќи полето работи за сите.
💫 За кого е оваа работилница?
Ако во моментот бараш одговор на прашање што те мачи,
Ако чувствуваш дека нешто те држи во место,
Ако сакаш да ја разбереш својата судбина, лојалности и избори,
тогаш оваа работа е за тебе.
Може да дојдеш како учесник, или да поставиш своја констелација.
Бројот на констелации е ограничен, затоа резервирај место навреме.
👩🦰 Фасилитатор: Билјана Пешева
Сертифициран фасилитатор на Семејни Констелации и холистички тренер со долгогодишно искуство во работа со луѓе. Таа го интегрира шаманскиот и телесен пристапи во својата работи кои овозможуваат подлабока врска со полето и душата.
Знаењето што го добива од големите учители несебично го споделува со сите што се подготвени да направат чекор кон своето исцелување.
🌕 Пријавување
📞 Порака во инбокс или Viber 070234740
📧
aGVhbHRoeWxpZmVza2lsbHMgISBvbmxpbmUgfCBnbWFpbCAhIGNvbQ==
Дојдете со отворено срце, љубопитност и доверба во животот.
Полето секогаш знае што е подготвено да се покаже. 🌿
You may also like the following events from Healthy YOGA: