🔥 За прв пат во Македонија – ФЛЕГ ФУДБАЛ!
На 9-ти ноември, Куманово Скелетонс ќе бидат домаќини на третиот турнир од Првата лига на Србија во флег фудбал (бесконтактна верзија на американскиот фудбал)!
👉 Што е флег фудбал?
Тоа е динамична, брза и безбедна варијанта на американскиот фудбал, каде играчите наместо да се соборуваат, ги извлекуваат знаменцата (flags) за да го сопрат нападот.
Овој спорт е во огромен подем низ светот и од 2028 година ќе биде дел од Олимписките игри во Лос Анџелес! 🏅
На турнирот ќе настапат 6 врвни екипи, меѓу кои:
🏆 Инџија Индијанс – актуелни шампиони на Србија и една од најсилните екипи во Европа
⚔️ Сремска Митровица Легионари
👑 Краљево Ројал Краунс
🦅 Обреновац Хокс
🦍 Суботица Горилас
💀 И, секако, домаќините – Куманово Скелетонс
Очекувајте врвна забава, дружење и одличен флег фудбал. 🚀
📅 Старт: 12:00
📍 Локација: Стадион „Млади Лавови“, Ѓорче Петров
👉 Не пропуштајте да бидете дел од нешто историско!