📅 23–26 октомври 2025
📍 3 ноќевања на база полупансин
📍 јога, медитации, термални води, природа и мир
📍 Локација: Thermal Hotel Seven Seasons с. Бања, Бугарија
https://sevenseasons.bg/
--------
Есента е време кога природата нè учи на најважната лекција – да оставиме зад себе сè што веќе не ни служи. Во оваа сезона на промени, ќе се повлечеме во Thermal Hotel Seven Seasons, познат по своите лековити термални извори и прекрасна природа.
На ова повлекување ќе практикуваме хата јога (лесни и средни вежби погодни за сите), ќе имаме медитации, техники за дишење и енергетско чистење, а во зависност од времето ќе правиме и прошетки низ природата.
Јогата ќе ја вежбаме на отворено, а доколку условите не дозволуваат, хотелот ќе ни обезбеди внатрешен простор.
✨ Ова е вистински рецепт за есенска хармонија – комбинација на јога, мир и лековита вода.
🏨 За хотелот
Ќе бидеме сместени во Thermal Hotel Seven Seasons – во с. Бања, Бугарија, познат по своите природни термални извори и минерална вода со лековито дејство. Хотелот располага со термален базен, сауна и парна бања, како и со голем двор за релаксација.
Во ресторанот ќе уживаме во вкусна храна на шведска маса, а дополнително можеме да искористиме Roof Top Bar со 10% попуст или велнес услуги како масажи. Хотелот е опкружен со природа, што го прави совршено место за пешачење, враќање кон себе и целосно уживање во јога, мир и тишина.
🛏️ Цени за престој (23–26 октомври, 3 ноќи)
📌 13,100 денари по лице во двокреветна соба
📌 15,800 денари по лице во еднокреветна соба
📌 За дете од 6–11,99 години цената е 7.500 мкд на ден со појадок и вечера
🍴 Во цената е вклучено:
Сместување со доручек и вечера (шведска маса)
Користење на термален базен со минерална вода
Сауна и парна бања
Просторен двор за релаксација
Wi-Fi интернет
Надворешен паркинг
➕ Со доплата можете да користите:
Roof Top Bar со 10% попуст на консумација
Масажи и други велнес услуги (по хотелска понуда)
🚗 Превоз
Превозот не е вклучен во цената.
Трошокот за една кола до хотелот и назад е отприлика 50 евра. Ако се подели меѓу патниците, превозот со автомобил е поевтин од автобуски билет. Во зависност од бројот на учесници, дополнително ќе одлучиме како ќе се патува.
💸 Уплата и резервации
Бидејќи хотелот бара резервација однапред, ве молам сите кои сте сигурни дека доаѓате да уплатите минимум 6,000 денари најдоцна до 1 октомври 2025 на жиро сметката на:
СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ Жиро сметка: 300000000379694
👉 Или целиот износ можете да го уплатите директно на овој линк
https://healthylifeskills.mk/product/zlatna-esen-%d1%98oga-mir-i-termalni-vodi-vo-ba%d1%9aa/
✨ Октомври е совршено време за внатрешен мир – со јога, медитации, термална вода и есенска природа. Ве очекувам со радост!
Јога одморот го води Билјана Пешева
автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
Информации за предходните активни одмори имате на овој линк
https://healthylifeskills.mk/active-vacation/
Контакт вибер 070234740 или
aGVhbHRoeXlvZ2Fza29wamUgfCBnbWFpbCAhIGNvbQ==