Делегацијата на Европската унија и Europe House со задоволство ве покануваат на отворањето на изложбата „ЦЕРН и Универзумот: науката која не поврзува“, главниот настан на Европската ноќ на истражувачи 2025. Оваа година, манифестацијата е посветена на науката и иновациите, во специјална соработка со ЦЕРН и Институтот за физика при ПМФ – Скопје.
📅 Датум: сабота, 27 септември 2025
🕖 Време: 19:00 часот
📍 Локација: Дајмонд мол, Скопје (централен атриум,
приземје)
Изложбата ќе ги доближи посетителите до тајните на универзумот, физиката на честички и европската научна соработка. Ќе можете да прошетате виртуелно низ ЦЕРН акцелераторот и да искусите интерактивни содржини.
Со целосна сценографија и инсталација, „Историјата на Универзумот“ ќе ја прикаже приказната на науката преку визуелно и интерактивно патување низ универзумот. Настанот е дел од Европската ноќ на истражувачи – европска манифестација која годинава го одбележува својот јубилеј од 20 години. Веќе две децении оваа иницијатива ја доближува науката до сите – науката која не поврзува преку едукација, инспирација и забава.
👉 ЦЕРН (Европската организација за нуклеарни истражувања) е светски водечки центар за физика на честички, познат по Големиот хадронски колајдер и откривањето на Хигсовиот бозон. Тие ја поместуваат границата на човечкото знаење и создаваат технологии кои го менуваат секојдневниот живот – од медицинска дијагностика до интернетот.
🎟️ Влезот е бесплатен – твоето патување низ Универзумот започнува овде.
📅 27 септември – 15 октомври 2025, Дајмонд Мол, Скопје.