✨ПРЕМИЕРА✨
🌟Новото детско патување во светот на фантазијата направено од театарот Арториум. И тоа не со било кој лик, туку со најфраерскиот лик во чизми, кој и денес е симбол за довитливост и храброст. ,, Мачорот во чизми'' е нашата нова детска театарска претстава адаптирана според добро познатата бајка на Шарл Перо, но со модерен и интерактивен пристап бидејќи во оваа претстава нашата најмила публика- децата се соиграчи и соучесници во приказната.🎈
⭕️Главниот јунак во оваа драма е насловниот лик Мачорот во чизми кој со интриги, измами и лаги успева да ги исполни сите желби на својот господар. Главен двигател за целото дејство е секако желбата на чесниот и добар господар, но сепак најважниот порив е искрената љубов за која секогаш вреди да се бориме! 😻
✨,,Дали само силната желба е потребна да си ги оствариме нашите соништа или сепак треба да се потрудиме самите? Колку е важно да работиме за нашите соништа? И кој е вистинскиот пат за да се исполнат?’’ – се дел од прашањата на кои заедно со публиката ќе го најдеме вистинскиот одговор!
Секако покрај вистинските вредности како љубовта, чесноста, оваа претстава нѐ учи да се радуваме и да го цениме секој подарок. Да не ја гледаме само материјалната вредност на подарокот и да бидеме благодарни за секој кој ќе посвети внимание на нас- иако можеби навидум на почетокот ќе ни изгледа непотребно, не знаеме кога и како ќе ни затреба!✨
Играат: Бранко Атанасов, Давид Димоски и Стефанија Начевска
Режија и текст: Бранко Атанасов
Креативен директор: Драган Божино
Костимографија: Бранка Спасова и Бранко Атанасов
Продукција: Арториум
📍Место: Public Room
📆Датум: 11.10 (САБОТА)
⏰Почеток: 11часот
Времетраење: 40минути
🔴Адаптирана за деца од 3 до 12години.
Цена на билет: 300денари.