ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ – БЕНД „МЕМОРИЈА“ 1983/2025
Бендот Меморија со гордост ја најавува својата изложба на фотографии, која претставува визуелно патување низ повеќе од четири децении музичка историја.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии од сите членови на бендот, моменти од концерти, настапи, проби и незаборавни сцени од нивниот творечки пат – од далечната 1984 година, па сè до денес. Секоја фотографија носи своја приказна, емоција и сведоштво за времето во кое настанала, за публиката, сцената и духот што го одбележуваше и сè уште го одбележува бендот Меморија.
Изложбата е посвета на музиката, пријателството, истрајноста и љубовта кон сцената, но и благодарност до сите генерации публика кои беа и се дел од ова патување.
Отворање: 22.12.2025 | 12:30ч
Времетраење: 22.12.2025 – 27.12.2025
Локација: Младински Културен Центар
Добредојдени сте, заедно да ги оживееме спомените и да создадеме нови.
You may also like the following events from VIS Memorija: