Ве покануваме на една сосема поинаква, многусетилна вечер – вечер која го спојува свесното готвење, јадење, ритуалите, виното, поврзувањето и длабоката намера за 2026 година.💫
Работилницата „Свесна кујна“ е искуство каде:
– времето забавува,
– сетилата се будат,
– храната станува медитација,
– а готвењето мини-ритуал што ја создава енергијата за годината што доаѓа.
Ќе готвиме заедно во топла, прекрасна кујна, во преубавото место во градот Скопје - Везден, ќе го пиеме првиот вински тост со намера, ќе ги слушаме звуците, ќе ги чувствуваме мирисите и текстурите… и ќе создадеме чин на свесна присутност.
Катерина Ангеловска и Маја Ацески ќе ве водат чекор по чекор низ овој сетилен, свесен и трансформативен процес – од будење на сетилата, до поставување на личната намера за 2026.
На крај – заедничка вечера во круг, како симбол на заедништво, мудрост и нов почеток.
Што ќе доживееш?
🕯️ Вежба за будење на сетилата
👨🍳 Свесно готвење со водство од професионален шеф/готвач
🥗 Свесно јадење
🍷 Винска церемонија
💛 Поставување лична намера за 2026
👭 Поврзување
🌿 Мал ритуал за завршеток на годината
Вечер создадена за душата и телото.
📅 Датум: 24 декември (среда)
⏰ Време: 19:00 – 22:00 часот
🏷️ Цена за учество: 3000 денари
📍 Место: @vezden.mk бул. Борис Трајковски 174, Скопје
🔗
https://www.katerinaangelovska.mk/prodavnica/online-tretmani/rabotilnica-svesna-kujna/
Местата се ограничени.
Со љубов,
Кате & Маја
💫 За предавачите:
Катерина Ангеловска е магистер по психолошки науки, советник за личен и професионален развој, автор, говорник, основач на Космик – Центар за личен и професионален развој @cosmic_spritual_center и ко-креатор на @systemic_hub_macedonia. Таа е сертифициран учител на Mindfulness Now® програмата, мастер по НЛП, терапевт во енергетско поле и семејни констелации, фасилитатор за свесна медитација, Реики мастер и холистички коуч обучена во меѓународни институции. Доаѓа од Скопје и повеќе од една деценија работи посветено на будење на свеста кај поединци и групи.
Маја Ацески е докажан менаџер и претприемач со повеќе од две децении искуство во бизнис светот. Таа е сертифициран NLP мастер, реики мастер практичар, јогин, емоционален и бизнис едукатор, едуциран системски констелатор, терапевт во енергетско поле и семејни констелации, како и ко-креатор на @systemic_hub_macedonia – простор за длабоки трансформации и нови почетоци.