80-ГОДИШНИНАТА МНТ ЈА ПРОСЛАВУВА СО СЦЕНСКИОТ СПЕКТАКЛ „СОНЦЕТО, КОЛКУ Е БЛИСКУ СОНЦЕТО – MADE IN МNT“
Режисер: Дејан Пројковски
Драматургијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски
Асистент на режисерот: Андреј Цветановски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Олга Панго
Асистент на кореографот: Ирена Лозинска
Композитор: Горан Трајкоски
Музичари: Сашко Костов, Ана Митоска, Орхидеја Дукова и Оливер Настевски
Дизајнер на 3Д-видеомапинг: Сергеј Светозарев
Дизајнери на маски: Дарко Дуковски и Елена Дуковска
Стручен соработник за маски: Горан Игњатовски
Во пресрет на 80 години од постоењето на Македонскиот народен театар, на 29 декември, на големата сцена, премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, од истакнатиот режисер Дејан Пројковски.
Претставата е спој на минатото и сегашноста преку клучните вредности на МНТ – љубов, умeтничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината.
Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и на сите оние професионалци зад кулисите, задолжени за создавањето на сценскиот универзум во МНТ.
Во претставата учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, оперски пејачи и актери и студенти по актерска игра од Факултетот за драмски уметности и Еуропа Прима во кореографија на Олга Панго и асистент на кореографот Ирена Лозинска. Асистент на режија е Андреј Цветановски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е задолжена Марија Пупучевска, музиката е на композитор: Горан Трајкоски и дизајнер на 3Д-видеомапинг е Сергеј Светозарев.
Публиката ќе биде дел од големо патување во театарот на сонцето. Големиот сценски спектакл ќе спои повеќе изразни средства со акцент на 3Д-видеомапингот. Идејата е преку создавање мултимедијални сцени на оригинален начин, пред сѐ, преку силно визуелен израз да се раскаже 80-годишното театарско постоење на МНТ.
Сценскиот перформанс е инспириран од сѐ она што е важно, амблематично и препознатливо за Македонскиот народен театар, за македонската култура и традиција и за Македонија, воопшто.
„Перформансот е големо патување низ националната драма и сите основоположници на македонската драма и литература. Во претставата ќе бидат претставени сценски слики од највпечатливите моменти на сите големи автори на големата драматика, како и сите оние слики што се втиснати во колективната меморија и традиција. Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза, песна и ликовна уметност. На сцената преку уметничката визија ќе видиме сценски слики што се значајни за нашиот идентитет, преку кои создаваме мозаик од музика, поезија, приказни, кои го направиле МНТ столб и чувар на нашата култура и традиција“, вели режисерот Пројковски.
ИГРААТ:
Игор Џамбазов
Весна Петрушевска
Тони Михајловски
Владо Јовановски
Снежана Коневски - Руси
Александар Шехтански
Кирил Андоновски
Томе Витанов
Нино Леви
Искра Ветерова
Сенко Велинов
Дарја Ризова
Тања Кочовска
Никола Ристановски
Сашко Коцев
Звездана Ангеловска
Борче Начев
Благој Веселинов
Нина Деан
Ѓорѓи Јолевски
Габриела Петрушевска
Александар Ѓорѓиески
Наталија Теодосиева
Стефан Спасов
Александар Микиќ
Марија Новак
Оливер Митковски
Николина Кујача
Софиа Насевска - Трифуновска
Арна Шијак
Дамјан Цветановски
Григор Јовановски
Ненад Нацев
Јордан Симонов
Гораст Цветковски
Сашка Димитровска
Ивица Димитријевиќ
Висар Вишка
Ана Стојановска
Камка Тоциновски
Тина Трпкоска
Билјана Јовановска
Јана Вељановска
Ненад Анѓелковиќ
Виктор Рубен
Леонида Гулевска
Бранко Михајловски
Илина Чонкова
Ванеса Тримчевска
Анастасија Митровска
Иво Јездиќ
Мирјана Трпковска
Ирена Димеска
Кристина Гиева
Ана Јовановска
Нела Павловска
Томе Станковски
Јована Миладинова
Стефанија Начевска
Стефани Димитрова
Енис Билаловиќ
Ѓорѓи Нешковиќ
Илин Јовановски
Тамара Ристоска
Тодор Стојковски
OПЕРСКИ СОЛИСТИ:
Ана Дурловски
Игор Дурловски
Во театарскиот спектакл учествуваат и членови на Актерското студио Михајловски.
Голема благодарност до писателот Венко Андоновски.
Голема благодарност до Музеј на Македонија, до директорот Борче Топуковски, како и до Илија Цурев за помошта и соработката во овој значаен проект.
Организатор: Ивица Урдаревиќ
Дизајнери на светло: Игор Митревски и Игор Ѓеоргиев
Дизајнер на тон: Ненад Трпеноски
Дизајнер на плакат: Сергеј Светозарев
Фотограф: Кире Галевски
🎫Билетите за 15 и 16 јануари 2026 година пуштени се во продажба онлајн и на билетарницата во МНТ.
You may also like the following events from Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar: