На 29 јули, во срцето на паркот во Капиштец, ќе се случи нешто магично! (На оваа покана гледај како на билет во Земјата на чудата. Или можеби во Недојдија!)
Она што е забавно долго трае – од 19 до 20:30 часот, ги каниме сите деца (особено ако имаш од 2 до 8 години) и ги чекаме со многу различни активности. Што сакаат најмногу децата ако не акција? А како најдобро се учи низ неа? – Секако, преку интеракција!
„На одмор сум, во Центар сум“ и оваа година како и претходните!
Настанот се состои со 4 забавни зони за секој мал истражувач да се пронајде во она што најмногу го сака:
• Креативна зона:
Тука цртаме, боиме и добиваме награди за нашите неверојатни дела.
• Интерактивна зона:
Го бараме изгубеното богатство и повторно добиваме награди, читаме сликовници и одговараме на прашања.
• Освежителна зона:
Си го обновуваме умот со пијалаци на „Горска“.
• Сцена:
Мала бина за голема радост со омилените ликови Стела и Сани и едно бело зачудено лице што нè смее до солзи – пантомима!
Каде и да си, на 29. во Капиштец да си! Настанот го организираат Паблишер и Општина Центар.
П. С. Останатите џуџиња или волшебници кои ќе се појават на настанот, не се дел од организацијата, само од забавата!