🌸 Вечерна духовна работилница –
30 август (сабота) | 17:00 – 20:00 | Долно Соње
Во срцето на летото, кога природата тивко преминува во есен и се буди желбата за внатрешна тишина и подлабока свесност, ве поканувам на еден посебен настан – вечерна духовна работилница посветена на љубовта, исцелувањето и поврзувањето со Космичката Мајка.
Ова не е само уште една работилница. Ова е простор каде ќе работиме со коренот на нашето битие – односот со мајката.
🔹Зошто мајката?
Нашата мајка е првата врска што ја доживуваме. Таа е првиот допир, првата храна, првиот глас. Од неа го учиме јазикот на љубовта – или болката. Без разлика дали сме добиле љубов, одобрување, внимание – или токму спротивното – таа врска остава длабока трага во нашата душа.
Многу од нашите емоционални блокади, стравови, несигурности или дури и тешкотии во партнерските врски, ја имаат својата основа во односот со мајката. Често без да сме свесни, носиме во себе детски рани кои чекаат да бидат признаени, сакани, исцелени.
🔹Зошто Космичката Мајка?
Во многу духовни традиции, особено во нашата православна култура, август е месецот на Богородица – мајката која штити, благословува и ги чува срцата на сите. Таа не е само симбол на нежност, туку и на внатрешна сила, на безусловна љубов, и на можноста за внатрешно препородување.
Таа е и нашата внатрешна Мајка – делот од нас што знае да прости, да негува, да исцели и повторно да почне од почеток.
💫 Што нè очекува?
На оваа работилница, ќе создадеме безбеден и поддржувачки круг каде ќе можеме групно да работиме на овие рани, со цел да:
✔ ја ослободиме потиснатата болка,
✔ се поврземе со љубовта што сме ја заслужувале,
✔ и најважно – да се вратиме во контакт со Космичката Мајка:
тој духовен принцип на безусловна љубов, нега и заштита што постои надвор од личната приказна.
Ќе користиме два проверени методи:
🌿 Техниката на Филис Кристал – одврзување од несвесни врски и обрасци што не’ ограничуваат
🌳 Семејни констелации (метод на Берт Хелингер) – ќе имаме вежба за генерацискиот тек на љубовта и нашето место во тој тек
🍞 Работилницата ќе заврши со заеднички ритуал – споделување на колачи, во чест на древните традициии на празнување преку храна, свесност и игра.
📍 Детали за настанот:
📅 Датум: Сабота, 30 август 2025
🕓 Време: 17:00 – 20:00
📍 Локација: Долно Соње – Куќата со Лавовите
💰 Цена: 1000 денари
Плаќање преку линкот или на настанот
https://healthylifeskills.mk/product/duhovna-rabotilnica-ljubov-isceluvanje/
📲 Задолжителна пријава: со порака на 070 234 740
(бројот на учесници е ограничен)
За кого е оваа работилница?
💗 За оние што чувствуваат рани од детството
💗 За сите што сакаат да се ослободат од стари обрасци во љубовта
💗 За оние што сакаат да се поврзат со нешто поголемо од себе
💗 За оние што чувствуваат дека е време за исцелување и враќање кон својата внатрешна сила
🕊️ Повикот е тука. Можеби не случајно го читаш токму сега.
Ова е твојата покана за љубов и нов почеток.
Љубов и светлина,
Биби Пешева
--------------------------------------
✨ Водител на работилницата: Билјана Пешева
Тренер за личен развој, јога инструктор и wellness coach.
Со над 30 години искуство во духовна пракса и над 600 часа психолошка едукација, Билјана води програми за исцелување, трансформација и свесен живот.
Основач на Healthy Life Skills & Healthy Yoga, создавач на холистички програми и поддржувач на секој што е подготвен да направи чекор кон себе. 🌿
Веб:
https://healthylifeskills.mk/events/isceluvanje-detski-rani-duhovna-rabotilnica/
Also check out other Health & Wellness events in Skopje.