Метаморфозата во визуелната уметнoст, како и метаморфозата на еден уметник, е проследена со низа од процеси на себе-истражување, истражување на околината и она што е применливо во творештвото, себе-преиспитување и преиспитување на природата, која еден уметник го опкружува.
Како природен циклус проследен со одредени видови на фази или стадиуми, оваа изложба произлегува од принцип на микро-макро организми, совршено дефинирани форми кои во себе ги носат сите мали детали на она што е надвор од перфекцијата, она што „големата слика”, или, „големото огледало”, го сочинува. Метаморфозата, појдувајќи од примариусот на едно сликарско искажување на авторите, а тоа е бојата - трансформира и се преобразува од класичен медиум за сликање- кон барање на истиот во тврдата, материјализирана форма на сувиот и искршен пигмент, она што од боја прејдува во текстура и оформува тродимензионалност, сенка, отсјај, испакнатост или пак пукнатина. Барајќи ги овие квалитети во минералите, каменот, цветот, песокот, преку една органска и кршлива материја, авторите всушност ја нагласуваат метаморфозата, односно процесот и преминот од една форма кон друга, бидејќи, дури и едно тело, едно битие, не останува во постојаност во својата форма, текстура, контура..односно, промената и метаморфозата е стадиум во кој сите навлегуваме.
Одбраноста за визуелната метаморфоза на делата, освен концептуално, опфаќајќи ги и временски, реферира дека позајмената форма позајмува значење, и дека не постои разлика помеѓу идејата за да се создаде една слика и композицијата во која е сместена една форма. Оваа изложба, гледајќи ја како „големата слика” е сместена во една композиција на совршени, геометриски форми (круг, квадрат; како што се носачите), споени со природните, органски форми и детали кои излегле од својата совршеност и се претопуваат во сопствената корупка преку микро-деталите или преку атомите, кои полека се разложуваат или спојуваат. Од друга страна пак, во контекст на „големото огледало”, оваа изложба огледува еден фрагмент од природата во нас и космичкото, кое како портал поминува низ нас. Метаморфозата е насекаде околу нас. Она што уметниците, преку свое творештво го прават, е спојување на нови концепти за да произведат нов живот, нова мисла или нова вистина за себе, за природата или за мистеријата и скриената симболика.
Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар.
--------------------------------------------------------------
Викторија Митева, родена1996 г. во Кочани, РС Македонија. Дипломирала на Факултет за ликовни уметности – Скопје (сликарство со модул конзервација и рестарација) 2020 г. во класата на проф. м-р Слободанка Стевческа.
2022 - Изложба на слики „Метаморфози” , НУЦК „Бели мугри”, Кочани
2020 - Прва самостојна изложба „Конструктивна мемориска свест”, НУЦК „Бели мугри”, Кочани
2019 - Групна изложба „21st Street” MC Gallery, Њујорк
Орхан Ќамилов, дипломирал на Факултет за ликовни уметности (графички техничар) во класата на проф. Костадин Танчев – Динка.
2022 - Изложба на слики „Метаморфози” , НУЦК „Бели мугри”, Кочани
2021 - Мултимедијална изложба „Од другата страна на огледалото”- НУЦК „Бели мугри”- Кочани; заеднички проект со Катерина Соколова.
Во период од 2008 до 2016 има реализирано изложби во Букурешт, Солун, Венеција, Бугарија и Романија.