Проектот „Научи ги младите да ја сакаат музиката и поезијата“, или „Поетроника за млади“, е музичко-поетски перформанс со едукативна улога. Целта е младите да ја доживеат поезијата на нов и близок начин – преку современ музичко-поетски израз кој го издигнува нашето поетско наследство на ново ниво.
„Поетроника“ е заеднички перформанс на Андреја Салпе и Оливер Митковски, а за овој настап специјална гостинка е српската поетеса Радмила Петровиќ. Ова претставува прва меѓународна регионална соработка – размена на поезија претворена во уникатен музички спектакл, кој ја поврзува македонската и српската современа уметност и отвора нови мостови за културна размена во регионот.
Андреја Салпе – еден од најактивните продуценти во последните години. Како дел од електронскиот состав BarumBarum, издава за PMG Tanz Digital, Samo Records и амстердамската Sinchi Collective, со што неговата музика стигнува до сетовите на Andrew Weatherall, Nick Warren и други легендарни диџеи.
Оливер Митковски – бардот на современото македонско глумиште. Актер со впечатлив сценски настап и длабок, сугестивен вокал, целосно лишен од патетика. Со своето присуство ја оживува поезијата и ѝ дава нова, моќна димензија. Заедно со Андреја Салпе го реализира проектот „Поетроника“, каде што поезијата се претвора во уникатно музичко и звучно доживување.
Радмила Петровиќ – гласот на новата генерација поети. Авторка е на три збирки и роман во стих. Нејзината книга „Мајка ми знае што се случува во градовите“ е продадена во над 12.000 примероци и објавена во повеќе европски земји. Во подготовка се нови изданија на чешки, шпански, унгарски и италијански јазик, а нејзината поезија продолжува да го освојува светот.
Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ.
🗓 29.10.2025
🕗 20:00
📌 Public Room
🔖 Цена: 250 ден.
🎟 Билети:
https://drugastrana.mk/event/poetronika-za-mladi/
You may also like the following events from Public Room: