Го закажуваме РЕсет Vol.5 – покрај Охридското Езеро!
Да го видиме зајдисонцето заедно – во движење, со убава енергија и охридски зен!
Во сабота, 9 август, со почеток од 18:45 часот, на плажата Бафало во Охрид (пред скејт паркот), ве очекува нова РЕсет тренинг сесија со позитивна атмосфера и природна инспирација.
РЕсет тимот на Реплек и Елена Бубало добива засилување – локална поддршка од фитнес инструкторката Емилија Колоска, за уште подобро и побалансирано доживување.
🎒 Со себе земете простирка за вежбање и добро расположение – ние ќе се погрижиме за сѐ останато!
🌿 Во РЕ зоните на Реплек ќе можете да добиете препораки за добросостојба и совети за РЕсет на умот, телото, кожата и насмевката.
👉 Настанот е дел од серија бесплатни настани и работилници кои Реплек ги РЕализира како дел од РЕсет – платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила.
📩 За учество, пополнете го следниот линк:
https://shorturl.at/d98SP