Промоција на книгата
„Зима во продавницата за чудни миленичиња“
Од ЕЛЕНА ОБУХОВА
Четврток од 12.00 до 13.00 часот
НУ Библиотека "Григор Прличев" - Охрид
Промотор ќе биде д-р Емил Ниами а со авторката за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски.
Се работи за второто прозно дело за деца од авторката Обухова, после успешната „Продавница за чудни миленичиња“. Писателката Обухова е и авторка на илустрациите. Интересно е што дејствието на книгата е сместено токму во градот Охрид!
„Во волшебната продавница за чудни миленичиња на чичко Ненад, која се наоѓа на централната улица во Охрид, доаѓањето на зимата се чувствува на посебен начин. Оваа година близнаците Марко и Марика, а исто така и нивната најдобра другарка Теа, со кои читателите веќе се запознаа во првата книга, за првпат ја поминуваат зимата заедно со посебните суштества од тајната волшебна земја Тамусечека.
Нив ги очекуваат низа новогодишни празници, кои се одбележуваат со низа локални особености и традиции.
Но на ниту еден од нив не му се наговестува спокојно поминување на зимскиот распуст без авантури. Во градот пристигнува прабабата на Теа која поголемиот дел од животот го поминала во Јапонија, а заедно со неа доаѓаат и… Кој и зошто дошол заедно со неа и што излегло од сето тоа ќе дознаете на страниците на оваа книга, а другарувањето на прабабата Нена со децата ќе ве потсети на заедничките мигови поминати со вашите баби и дедовци.“
Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура и туризам.
You may also like the following events from Prozart Media: