Петти - Меморијален марш Цветан Новаковски
Караниколичко езеро 2025
Почитувани, Планинарски клуб Тетекс од Тетово Ве поканува на Петтиот Меморијален марш Цветан Новаковски
Караниколичко езеро 2025
ПРОГРАМА
На 10.08.2025 год.ПК ТЕТЕКС по петти пат прдолжува со организација на Меморијал во чест на Цветан Новаковски истакнат планинар,претседател и пред се пријател на Шар Планина неговиот втор дом.Со цел да го зачуваме споменот за Цветан и да ги пренесеме неговите искуства на помладите Меморијалот на Караниколичко езеро ќе го чува и пренесува името на Цветан Новаковски-Секој што тргнал ќе стигне до целта, па и последен да е -
Место на собир Центар за култура Иљо Антески Смок Тетово во 6ч. и 00мин.со организиран превоз со комбиња поради немање на паркинг простор во Вешала и со оглед на зголемениот број на возила поради печалбарите по кои и овој крај е познат
Цена на превоз 600 ден.во двата правци.
Во 7:00 закажано тргање од Вешала 1250м до целта Караниколичко 2200м со вкупна должина на патека од 14.7км.
ПРОГРАМА
6:00 часот пристугнување на друштвата/клубовите и нивно пријавување пред Центарот за култура во Тетово
6:30 тргање кон с.Вешала НАПОМЕНА до с.Вешала се оди со организиран певоз,а пријавувањето за учество на меморијалот е до петок 29.07.2022 до 16ч.на 071/30 72 30 и на 070 / 593-077
7:00 Пристигнување во с.Вешала и по краток говор се трга кон целта со попатни две паузи
12:00 Пристигнувањена Караниколичко езеро
14:00 тргање кон с.Вешала
Турата е средно тешка, и бара доволно подготвеност и кондиција. Патеката е долга вкупно 14.7 км во двата правци. Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволно количество храна, според своите потребите, а вода има каде да се надополни по пат.
Потребно е учесниците со себе да понесат опрема за заштита на телото од сонце и дожд и добро разгазени обувки.
Доколку се заклучи дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во маршот.
Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи маршот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.
Секој учесник самостојно и на своја одговорност одлучува за учество на маршот.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува условите
Воедно апелираме за достојно однесување кон Националниот парк Шар Планина и да ги почитуваме правилата и прописите поставени на официјалната страна на паркот.
п.с. Организаторот не превзема никаква одговорност доколку настане штета на возилата со кои се патува на турата.
Краен рок на пријавување 08.08.25, петок до 16ч.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !
Петти - Меморијал Цветан Новаковски-Караниколичко езеро 2025-ПК Тетекс
071/30 72 30
070/59 30 77
Добредојдени сте сите!