🎭 Ве покануваме на едукативно еколошката, интерактивна детска претстава ,,Волшебната шума" на Театар Колозов со воспитна цел за градење на свеста, наменета за возраст во која се калеми општата култура за доброто утре. Во претставата низ низа комични перипетии и волшебни моменти учиме за емпатијата, грижата за природата и простувањето.
🌲Кралот на шумата Еко, успева да ја научи принцезата Гордица како културно да се однесува и заедно да ги спасат шумите и царството од вештерката Оф-Леле.
Претставата е со комплетна оригинална костимографија и сценографија.
Кога: 29.11.2025 Сабота / 11:00 часот.
Каде: на сцената на поткровјето во Јавна Соба / Public Room
🕐Времетраење: 45 мин.
Претставата е за деца на возраст од 3 до 10 години.
🎟 300 денари
Резервации преку Вибер порака на 078 869 529 со текст:
Датум, име и презиме на присутен возрасен и број на деца.
ИЛИ набавите ги вашите билети веднаш на online продажните мрежи на:
zlatenzab.mk/event/волшебната-шума-детската-театарска/
или
drugastrana.mk/event/volshebnatashuma/
* Влезот за возрасните е бесплатен!
Местата се ограничени!
Напомена: Пијачките и храната во Јавна соба се само преку картица.
Бидете добро и се гледаме на претстава! 🥰