🌟 ПРЕМИЕРНО во Diamond Mall!
„Лефти и Рајти и нивните стари и нови авантури“
Театарска претстава + едукативна работилница + промоција на новата сликовница „Лефти и Рајти на викенд“
📅 06.12.2025 (сабота)
⏰ 12:00
📍 Literatura.mk – Diamond Mall
🎟 Билет: 300 ден.
Подгответе се за најомилената детска авантура, повторно на сцена, но ПРЕМИЕРНО во сосема ново издание! Лефти, Рајти и нивниот најверен другар Воли се враќаат со новa енергија, нови сцени и нова локација!
⭐ Што ќе видите ПРВО?
Во обичен ден, во обичен автобус… Воли паѓа на подот и никој не го забележува. Но тука почнува големата мисија на Лефти и Рајти! Ќе ве чекаат возбудливи моменти, нови другарства и пораки за емпатија, внимание и соработка, но и најважните навики за секое дете.
🎉 ЕКСКЛУЗИВНО за оваа премиера:
Специјално вметната нова сцена инспирирана од свежо излезената сликовница „Лефти и Рајти на викенд“ и можност децата први да ја запознаат книгата веднаш по претставата!
👕 Едукативна детска работилница
По претставата, најмладите ќе учат преку игра и смеа:
🔸 како правилно се дипли облеката
🔸 како се организира гардероба
🔸 зошто е важно да се грижиме за работите околу нас
Работилницата е создадена за развој на самостојност, ред и позитивни навики на најзабавен можен начин!
🎭
Улоги: театарска трупа „Театар за тебе“
Режија и текст: Изабела Јакимова
Автор на серијалот „Приказни за облеките“: Наташа Дукоска
✨ Поддржано од Министерство за култура и туризам на РСМ.
Also check out other Arts events in Skopje, Literary Art events in Skopje.