🎭50.Млад Отворен Театар 2025

Wed, 19 Nov, 2025 at 08:00 pm

🎭50.Млад Отворен Театар 2025

Младински Културен Центар

Highlights

Wed, 19 Nov, 2025 at 08:00 pm

Младински Културен Центар

Advertisement

Date & Location

Wed, 19 Nov, 2025 at 08:00 pm (CET)

Младински Културен Центар

Младински Културен центар, 1125 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of

Save location for easier access

Only get lost while having fun, not on the road!

About the event

🎭50.Млад Отворен Театар 2025
🎭 Започнува 50. издание на Млад Отворен Театар — педесет години современ дух, уметничка слобода и театар кој менува!

Од 1976 година до денес, МОТ е повеќе од фестивал — тоа е културен континуитет, сцена на нови гласови и простор каде младоста, визијата и уметноста се среќаваат во експеримент, ризик и страст. Основан како иницијатива на младите уметници и интелектуалци кои веруваа во силата на театарот како општествен импулс, МОТ израсна во препознатлив симбол на автентична, храбра и слободна театарска мисла.

50. издание на МОТ го посветуваме на македонските автори, режисери и актери кои творат надвор од границите на Македонија, а чии дела го носат духот на нашата култура на светските сцени. МОТ ги слави тие гласови — храбри, автентични и непредвидливи — гласови кои ја спојуваат изворната сензибилност со меѓународниот контекст, создавајќи театар кој зборува универзално, но ја дише нашата култура.

Во сите години на континуитет, МОТ остана верен на својата идеја — да го поддржува современиот театар, да ги поврзува младите творци, да создава нови публика и да го афирмира алтернативниот театар како двигател на културата. Неговата моќ е во постојаната динамика: секое издание е нов дијалог со времето, со сцената и со општеството.

✨ 50. издание на МОТ е празник на театарот во сите негови форми — експериментален, документарен, визуелен, младински, алтернативен. И толку години подоцна, МОТ сè уште гори со истиот пламен: на љубопитност, на храброст да се биде и да се каже но и на едната, унверзална, уметничка вистина.

19.ноември
20:00
Македонски народен театар

"Лимениот добош", режија Васил Христов
Југословенско драмско позориште, Србија

-----------------------------
20.ноември
20:00
Младински културен центар

"Куќа на границата", режија Андреј Цветановски
Регионален театар Нови Пазар, Србија

------------------------

21.ноември
20:00
Младински културен центар

"Поручникот од Инишмор", режија Ѓорѓи Ризески
Адриана театар, Косово

+ МОТ Музички блок -влез - бесплатен!
ZWADA & THIS IS NOT [KOS] : 22:00

-------------------------

22.ноември
20:00
Младински културен центар

"Коштана", режија Јана Маричиќ
Народен театар Ниш, Србија

22:00
Младински културен центар

"Кученцето се засмеа", режија Ана Батева
СПАМ студио, Бугарија

---------------------------

23.ноември
20:00
Младински културен центар

"Границата", режија Совран Нрецај
ОДА Театар, Косово

18:00
ЈАДРО

"Врба", проект на Естер Бејкер и Искра Шукарова

--------------------------

24.ноември
19:00, 19:30, 21:00, 21:30, 22:00
Младински културен центар

"Ехо од длабочината", проект на Нина Николиќ и Борјан Стојков

20:00
Младински културен центар

"Слугинките", проект на Агнес Нокшиќи

--------------------------

25.ноември
20:00
Македонски народен театар

"Мајка Храброст и нејзините деца", режија Дејан Пројковски
Новосадски театар, Србија

📍Скопје | #МОТ50 | #МладОтворенТеатар

Програма е достапна и на веб-страната: mot.mk.
Билетите се во продажба од 13.11 (четврток) на веб страната на фестивалот.

Да живее #МОТ!

interested
Stay in the loop for updates and never miss a thing. Are you interested?
Yes
No

Ticket Info

Tickets for 🎭50.Млад Отворен Театар 2025 can be booked here.

Advertisement

Nearby Hotels

Младински Културен Центар, Младински Културен центар, 1125 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Reserve your spot
Ask AI if this event suits you
Advertisement
🎭50.Млад Отворен Театар 2025
Wed, 19 Nov, 2025 at 08:00 pm