Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од 14 до 16 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи годишниот настан„Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-тина учесници.
Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.
На тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.
Фокусот на фестивалот е автентичноста која ни ја дава природата преку ароматичните лековити билки од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапунчиња, мевлеми, препарати за здрав живот, мармалади, намази и колачи од билки и шумски плодови. Посебен простор е резервиран за пчелни производи, како природниот мед, козметика од мед и пчелни производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност да добијат и совети за поздрав живот од производителите на чаеви и есенцијални масла од ароматични и лековити билки.
На фестивалот учество ќе земат: Билна аптека „Матија“, ЛАСОИ и ЛаЧа ароматерапи, Билна аптека „Роза Канина“, Ливан Хербал, Китка дарови, Игнеа козметика, ЛаВита Агро - лаванда и смиље и органски етерични масла, АПИ - природна козметика, Хелт Шоп Македонија - есенцијални масла, Мое сапуче - природни рачно изработени сапуни, Студио за сапун 23 - природни рачно изработени свеќи и сапуни, Мирјана Ангелеска – производи од шумски плодови, Пчеларско здружение
-Природен мед, Мед Хепи - природен мед и пчелни производи, Пчеларство ПетроскиВ, Пчеларство Антови, Елена Манчевска-природна козметика и медни мевлеми, Гостилица-природен планински чај и Моја земја - дегустација на култивиран планински чај и традиционален ритуал ,„Сучење врвки“.
Во рамки на настанот учество ќе земат и факултети, институции и институти како: Институт „Конфуциј“/ УКИМ Скопје и Ботаничка градина/ПМФ/ИДСБ.
Целиот настан ќе го дообојат ракотворци како: ТиноСки - персонализиран чаен аксесорис, рачно сликан витраж на стакло, Шарено ќоше - персонализиран, рачно сликан чаен аксесорис, ЕКО восични обвивки и Флуиднада (дигитален илустратор, дигитална илустација аплицирана на порцелан).
ПОПРАТНИ НАСТАНИ ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЧАЈ
Во рамки на Фестивалот на чај на истата локација, дефинирани се и попратни настани како едукативни работилници и перформанси:
• Петок 14 ноември / од 18 до 21 часот
-Музички перформанс/македонска етно модерна и поп/Акустична музика/ од 18 до 19 часот
-Церемонијата на чај на кинескиот Институт „Конфуциј“ при УКИМ,
кинески инструментален перформанс, кинески танц, перформанси на студентите на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, калиграфија и презентација на кинеската хартиена техника/од 19 до 21 часот
• Сабота 15 ноември/од 12 – до 14 часот
„Македонскиот планински чај “ со Здружение „Моја фарма“- дегустација и едукативна сесија за заштитата и првото култивирање на македонскиот планински чај. Едукативна работилница „Босилек сучење врвки“ традиционален ритуал, поврзан со билното културно наследство
• Сабота 15 ноември/ од 14 до 18 часот
Со едукативно катче ќе се претстави и Ботаничката градина при ПМФ од Скопје и студентите од ИДСБ (Истражувачко друштво на студенти биолози), кои ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариум и инсектариум и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња и инсекти. И супер интересната работилница- Хотел за инсекти.
• Сабота 15 ноември/ „Време за чај“ од 17 до 18 часот. Работилница „Волшебниот зелен чај“ и дегустација на ЛаЧа чаеви, водена од фармацевт Соња Станковиќ од ЛАСОИ и ЛаЧа ароматерапи .
• Недела 16 ноември /од 12 до 14 часот
Кинеска церемонија на чај на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, музички перформанси на студентите на „Конфуциј“ и работилници за калиграфија и хартиена техника
• Недела 16 ноември / од 14 до 15 часот
„Сапунче“ Работилница за изработка на сапунчиња од природни состојки со „Мое Сапунче“ – цена за учество на работилницата: 300 денари, резервации на моб: 075 286 500 Јована,
c2lsamFub3NrYWpvdmFuYSB8IGdtYWlsICEgY29t
Заследете не на фан страниците:
Facebook: Фестивал на чај/Tea Festival
Instagram: Nature Expedition
Facebook: Skopje City Mall
Instagram: Skopje City Mall
www. Фестивал на чај / Tea festival
www. Skopje City Mall
www.natureexpedition.org
Also check out other Festivals in Skopje, Trips & Adventurous Activities in Skopje.