Ве покануваме на Саемот на автохтони сорти -“Везенка”, каде што ќе ви понудиме свежи и преработени производи од нашите стари сорти, но и вкусови што ќе ве вратат назад во детството. Целта ни’ е да ги заштитиме и промовираме старите локални семиња и сорти, коишто полека ја “губат битката“ под напливот на хибридните.
Исто така, ќе имате можност да дегустирате месни производи од локалната месара, како и свежи локални растителни и животински производи. Љубителите на медот ќе уживаат во локалниот сладок органски мед а ќе може да најдете и домашната зимница, вкусни готвени јадења и тестенини. За време на Саемот, волонтерите од здружението "Let's Spread Love" ќе се погрижат за нашите најмали посетители со организирано детско катче.
Задоволство ни’ е да ве поканиме во село Пчиња на саемот за автохтони сорти, каде што ќе уживаме во активен викенд, одлична забава и ќе имате можност да дегустирате природни домашни вкусови. Придружете ни’ се и поддржете ги малите локални производители.
Настанот ќе се одржи пред инфо центарот во село Пчиња на 05.10.2025, со почеток во 11:00 часот.
● Moжност за паркинг има во близина на Саемот.
● Во случај на лоши временски услови, организаторот го задржува правото да го одложи настанот.
Саемот на автохтони сорти „Везенка“ е финансиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а за негова реализација е задолжено Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Пчиња“.
● Контакт: 070 367 878 / 071 724 558 - Еко Пчиња