✨ Чест ни е да ве поканиме на промоцијата на романот „Тирза“ од холандскиот писател Арнон Грунберг кој годинава излезе на македонски јазик во превод на Ацо Перовски. Промотор ќе биде поетот и преведувач Александар Маџаровски, чија рецензија за романот можете да ја слушнете на неговиот Јутјуб канал „Читачот“.
[24. јуни (вторник) | 20.00 часот | КСП Центар-Јадро ]
📖 Приказната го следи Јерген Хофместер, кој живее удобен живот во најелитниот дел на Амстердам, има милионска заштеда во банка, две возрасни ќерки и угледна работа во издавачка куќа. Дури и недоразбирањата што ги има со сопругата полека се надминуваат додека мирно го очекува денот кога ќе се пензионира. Неговите денови се лежерни и спокојни и тој се гордее со фактот дека спие мирно како бебе – освен понекогаш, кога се прашува дали е, всушност, чудовиште. Според „Die Presse“ романот е „вознемирувачко и брилијантно истражување на животот на средната бела класа, зачинето со елементи на семејна драма и трилер“.
🗣️ Арнон Грунберг е роден во Амстердам во 1971 година. Работи како издавач, новинар и писател, а живее во Њуорк. Првиот роман, „Син понеделник“, го напишал во 2000 година и за него добил награда за најдобра дебитантска книга во Холандија. Оттогаш има напишано и објавено триесетина книги, меѓу кои како особено успешни се издвојуваат романите „Азилант“, „Тирза“, „Нашиот вујко“ и „Добри луѓе“.
Портрет (с) Sander Voerman
#илика #книги #ilika #books