🎷 ЕКСКЛУЗИВНО ЏЕЗ ДОЖИВУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ!
Националниот џез оркестар и Donny McCaslin
📍 14 ЈУЛИ 2025 | Македонски народен театар (МНТ) | 21:00 часот
Драги љубители на џезот,
Со особена чест го најавуваме доаѓањето на 𝐃𝐨𝐧𝐧𝐲 𝐌𝐜𝐂𝐚𝐬𝐥𝐢𝐧 (САД) – еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена.
МекКаслин не е само мајстор на својот инструмент - тој е уметник кој постојано го шири јазикот на џезот, пробивајќи го неговиот облик и одново замислувајќи ја неговата иднина. Неговото име е нераскинливо поврзано со последната уметничка авантура на Дејвид Боуви - албумот Blackstar - каде што токму МекКаслин, со својот препознатлив израз, беше една од клучните креативни сили зад експерименталниот звук што го одбележа финалето на една музичка ера.
Од тој момент, МекКаслин продолжува да ги редефинира границите на џезот, создавајќи музика што дише во просторот помеѓу жанровите, каде што електрониката, арт-рокот и импровизацијата се среќаваат со слободата на изразот. За тоа сведочат албумите Blow. (2018) и I Want More (2023) - хибриден звук кој не припаѓа на еден жанр, туку на уметноста како процес на преобразба.
Концертот на Дони МекКаслин со Националниот џез оркестар е ретка можност да се доживее уметноста во нејзината најслободна и највозбудлива форма - спој на врвна современа џез експресија и оркестарска прецизност под диригентсво на маестро Владимир Николов.
Билетите за концертот може да ги набавите online на
https://mktickets.mk/event/donny-mccaslin-nacionalen-jazz-orkestar/ и на продажните места на MKTickets.
*****
Event design by:
Сергеј Андреевски
Небојша Спасиќ
Also check out other Music events in Skopje, Entertainment events in Skopje.