Траги-комедија за љубовта,театарот и животот како недовршена сцена,како вечна репетиција без премиера.Двајца актери, менувајќи маски и идентитети,играат спектар на љубовни врски,од комичност до трагичност,од страст до празнина,од блискост до разделба.
Секој од тие парови се наоѓа во момент на егзистенцијално и емоционално преиспитување веднаш по водење на љубов.
Претставата е искрено и директно истражување на љубовта,сексуалноста,самоизмамата и потрагата по смислата на постоењето.Соголувањето,симнувањето и менувањето на маски,лицемерието,сé е тоа дел од нашето секојдневие,а овде конкретно е прикажано преку темата-ЉУБОВ,но дали таа се сведува само на сексуално задоволство, физичка привлечност и оргазам?
Во хотелска соба,која е еден сценски импровизиран микрокосмос и театар,љубовта секогаш останува во статус "проба".
Ова е момент пред премиера,потрага по совршенство,простор на неизвесност,недовршеност и ризик.Такви се односите на овие 12 ликови,постојана проба на љубов,која никогаш не доаѓа до реализација.
Таа соба е истовремено реален и симболичен простор,место на телесна средба,но и на театарска илузија.Во тој двоен простор,љубовта се претставува како недовршен текст што секој пат се препишува одново.
Лош текст,лоша режија,без крај,без концепт...налик на животот!
Суета,его,надменост,себичност,нарцисоидност-се што е човекот-актерот!
„Генерална проба“ НЕ ВЕТУВА ПРЕМИЕРА!!!
Таа останува само генерална проба,како и нашите животи,кои никогаш не достигнуваат совршенство,туку само низа на обиди,репетиции и незавршени љубови.
Претстава која ја соголува љубовта до коска!
Ќе се насмеете,ќе се препознаете,можеби и ќе заплачете.
Љубов без маски! Театар без милост!
РЕЖИЈА: Давид Илиќ
ТЕКСТ: Радо Алексовски
ИГРААТ: Ирена Илиевска и Радо Алексовски
ЛОКАЦИЈА: Културно информативен центар-САЛОН 19:19
ПОЧЕТОК: 20 часот
БИЛЕТИ ВО ПРОДАЖБА ONLINE НА СЛЕДНИОВ ЛИНК:
https://zlatenzab.mk/event/%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82/?sd=1762891200&ed=1762895400