На 22.04.2025 Скопје и нејзината алтернативна сцена изгуби легенда, Марко Николовски - Хесус. Хесус беше еден и единствен, еден разговор беше доволен да се сфати колкаво срце имаше тој човек и колку љубов имаше кон животот, уметноста и луѓето...Се што остана е само да му го славиме името и со тоа, на што ќе беше неговиот 30ти роденден, ви го претставуваме:
🖤ХЕСФЕСТ🖤
Фестивал создаден за да го славиме животот на Марко и неговите успеси, ќе го паметиме за убаво и ќе испиеме по некое пиво во негова чест!
Lineup-от го сочинуваат:
SWARM OF RATS(🇬🇷) Грчки Hardcore 4-piece од Катерини основан во 2014. Со над 10 години искуство бендов додава жустра енергија на концертот!
LACITTÁDOLENTE(🇮🇹) Италијански Mathcore машини создадени во 2017 во Милано. Моментално на турнеја дечките носат агресивна моќ на Скопскиот терен!
ГНОЈ(🇲🇰) Скопска Grindcore гунгула, создадена по распадот на стариот бенд на Хесус, Голем Одмор, енергијата, звукот и инспирацијата што ја донесе Хесус во создавање на звукот на овој бенд ќе ечи низ цела планета!
DISCOPS(🇲🇰) Скопските Crust/Hardcore Punk партали создадени како последниот музички крик испуштен од Хесус. Сурово, мрачно, искрено, цврсто и безмилосно - Звукот што ќе го дефинира овој концерт!
Сите ве очекуваме да го прославиме роденденот на овој голем човек како што треба. Мрсно, јако, мајкоебачко и по негови стандарди! Хесус брату ужасно ни фалиш и никогаш нема да те заборавиме. Те сакаме!🖤🖤🖤
Марко Николовски - Хесус (1995-♾️)
(По покривање на трошоците за концертот, сите останати пари ќе бидат донирани на фамилијата на Хесус, договорено со нивна согласност)
📅 15.11.2025
📍Паб Ѕе
🎟️300МКД
⏰20:00h
HOPE TO SEE YOU THERE!!!