По повод Светскиот ден на детето, под почесно претседателство на Н.Е. г-дин Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија, ве покануваме на настан исполнет со човечност, култура и дарување.
Овој базар ја обединува меѓународната заедница и граѓаните со една благородна цел – да им помогнеме на најранливите деца низ нашата земја. Средствата собрани годинава ќе бидат наменети за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите деца, вклучително и оние со попреченост.
На настанот ќе учествуваат бројни амбасади, институти и културни центри со автентични производи, вкусови и традиции од нивните земји. Во духот на солидарност и добрина, ве очекува шаренило од храна, пијалоци и ракотворби.
Амбасади / институти / културни центри кои учествуваат во промоција и продажба на свои производи од нивните земји ги вклучуваат: Амбасадите на Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Народна Република Кина, Република Хрватска, Сојузна Република Германија, Италијанска Република, Јапонија, Република Казахстан, Словачка Република, Република Словенија, Кралството Шпанија, Швајцарија, Република Турција, Делегација на Европската Унија, Културен центар на Бугарија, Институт Конфучие при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,Почесен конзулат на Република Литванија
За најмладите, подготвивме посебна детска музичка програма исполнета со радост и насмевки.
Посетителите ќе можат да купат билети од 200 мкд и да учествуваат во избор за прекрасни награди, со што дополнително ќе ја поддржат оваа значајна кауза.
Поканете ги вашите пријатели и колеги и придружете ни се во создавањето посветла иднина за децата, вклучително и децата со посебни потреби.
Влезот е бесплатен – ве очекуваме со отворени срца.