🌟 Да ја затвориме годината со благодарност – и да ја започнеме со љубов, сила и благослов.
Како што се приближува крајот на годината, чувствуваме природен повик да погледнеме внатре во себе – да ослободиме сè што сака да остане зад нас и да ја поставиме енергијата за она што сака да се роди во нас во 2026 година.
Оваа предновогодишна интерактивна работилница која ја реализираме во рамките на Клубот „Патот на Душата“ е посветена на енергетско затворање на 2025 година и создавање нова намера и благослов за претстојната година.
💫 И нема само да поставуваме цели – ќе креираме внатрешен ритуал на премин, каде ќе се поврзиме со енергијата на татковиот и мајчиниот принцип, ќе добиеме благослов од нашите предци и ќе ја активираме силата на животот.
🌿 Што ќе работиме
Во првиот дел на работилницата (околу 3 часа):
🌀 Ќе поставуваме енергетски цели и лични резолуции за 2026 година.
🌞 Ќе работиме преку мини вежби и констелации поврзани со енергијата на Таткото – цел, структура, правец и поддршка.
🌸 Ќе создадеме простор за внатрешна стабилност и доверба во сопствената моќ.
Во завршниот дел:
💞 Ќе преминеме кон енергијата на Мајката – љубов, прифаќање, живот и прослава.
🔥 Преку ритуал на благодарност и поврзување со групата, ќе го прославиме крајот на една година и почетокот на новата.
🌱 Целта на работилницата
Да се создаде јасен, благословен и енергетски поддржан почеток на 2026 година.
Да се побара благослов од родителите и предците за исполнување на нашите намери.
Да се постават нови резолуции од срцето, со љубов, благодарност и автентичност.
💫 Завршен настан на годината
Оваа работилница е завршен настан на Клубот „Патот на Душата“ за 2025 година – симболичен момент на затворање на кругот и прослава на сè што сме научиле, освестиле и исцелиле.
На крајот, ќе имаме време за дружење, споделување енергија и љубов, со мало мезе и пијалок – да ја заокружиме годината во духот на поврзување, благодарност и радост. 💞
👩🦰 Работилницата ја водат
Билјана Пешева – автор, тренер, јога инструктор и фасилитатор на семејни констелации со повеќе од 25 години искуство во личен развој и холистички практики , основач на Healthy Life Skills и Healthy YOGA.
Анета Начевска – специјалист по медицинска психологија, системски семеен терапевт и долгогодишен практичар во индивидуална и групна психотерапија.
📅 6 декември (сабота)
🕛 12:00 – 17:00 часот
📍 Психофокус – Скопје (во зависност од бројот на пријавените, местото може да се смени но секако ќе биде во Скопје)
💰 Цена: 1,500 ден.
📞 Пријави се на Viber / порака: 070 234 740
📧
aGVhbHRoeWxpZmVza2lsbHMgISBvbmxpbmUgfCBnbWFpbCAhIGNvbQ==
You may also like the following events from Healthy Life Skills:
Also check out other
Health & Wellness events in Skopje.