Овој декември, Зимски МакеДокс гостува кај пријателите од CinEdays. 🎞️
🧅 Од 5 до 7 декември, во рамки на нивната програма, го носиме изборот на долгометражни победници од последното издание на фестивалот.
🎬 НИЕДНА ДРУГА ЗЕМЈА
📅 05.12.2025
⏰ 19:00 ч
📍 МКЦ – Dancing сала
🎫 Слободен влез
➡️ Басел Адра, млад палестински активист од Масафер Јата, уште од детството се бори против масовното протерување на неговата заедница од страна на израелските окупатори. Басел го документира постепеното бришење на Масафер Јата додека војниците уништуваат семејства и нивните домови – најголемиот присилен трансфер во историјата на окупираниот Западен Брег. Патиштата на Адра се вкрстуваат со оние на израелскиот новинар Јувал, кој му се приклучува во борбата и тие заедно се борат против прогонот и се зближуваат. Нивната сложена врска е во сенка на екстремната нееднаквост која ги раздвојува: Басел, кој живее под брутална воена окупација и Јувал, кој е слободен и неограничен. Овој филм, направен од здружен палестинско-израелски колектив од четворица млади активисти, е снимен во најмрачните и најзастрашувачки времиња во регионот и претставува чин на креативен отпор кон Апартхејдот и потрага по патот кон еднаквоста и правдата.
🎬 ФИУМЕ ИЛИ СМРТ!
📅 06.12.2025
⏰ 21:00 ч
📍 МКЦ – Dancing сала
🎫 200 мкд
➡️ На 12 септември 1919 г., трупа од триста војници под водство на ексцентричниот обожавател на војни, италијанскиот поет Габриеле Д’Анунцио се провлекува во севернојадранскиот пристаништен град Фиуме, денешна Ријека, со намера да го анектира градот кон Италија, Во текот на следните 16 месеци, во историски најбизарната воена окупација на сите времиња, фото-тимот на Д’Анунцио направил над 10 000 фотографии. Век подоцна, филмаџијата Игор Безиновиќ, родум од Ријека, заедно со околу триста граѓани, одржува лекција по историја на самото место, чиј фокус се окупацијата и нејзините последици во денешнината. Учеството на заедницата во историското оживување?? не само што ги ревидира фактите и легендите туку и покажува општествена контратежа на окупациската агенда на Д’Анунцио. Резултатот е сурово фотографско, а сепак неодоливо панкерско филмско патување, кое истовремено е убедливо сериозно и неверојатно смешно.
🎬 ЗЕМЈА И КРИЛЈА
📅 07.12.2025
⏰ 20:00 ч
📍 Кинотека
🎫 200 мкд
➡️ Мнозинството следбеници на дервишкиот ред бекташи во Канатларци, калливо и тутунарско село во Северна Македонија, ја гледаат Ајтен како мајчинска фигура, која се труди да им даде поддршка исто како што им дава и на своите две деца и четири внучиња. Нејзиниот сопруг Ердоган е дервишки свештеник од највисок ранг во нивниот локален храм. Оваа вредна двојка покажува како еднаквоста цвета таму каде што најмалку се очекува – во рурална заедница на муслимани посветени на религијата, семејството и традицијата во еден од најсиромашните делови на Балканот.
✨ Зимски МакеДокс е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и Movies that Matter. ✨
Повеќе информации на 🔗
https://cinedays.mk/portfolio-category/mdx/
#MakeDox #МакеДокс
Also check out other Entertainment events in Skopje.