ВАРВАРИ, 17 December | Event in Skopje | AllEvents

ВАРВАРИ

Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar

Highlights

Wed, 17 Dec, 2025 at 08:00 pm

11 Март, 1000 Skopje, North Macedonia

Advertisement

Date & Location

Wed, 17 Dec, 2025 at 08:00 pm (CET)

11 Март, 1000 Skopje, North Macedonia

Улица 8ми Март 11, 1111 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of

Save location for easier access

Only get lost while having fun, not on the road!

About the event

ВАРВАРИ
Варвари
Максим Горки
Режисер: Владимир Милчин

Сценограф: Беди Ибрахим
Костимограф: Марија Пупучевска
Превод: Ема Марковска Милчин и Владимир Милчин
Асистент на режисерот: Шенај Мандак

Асистенти на сценографот: Бојана Исијанин и Мартин Манев
Асистент на костимографот: Ангела Богеска
Избор на музика: Владимир Милчин и Ема Марковска Милчин
Извршни продуценти: Виктор Рубен и Симона Угриновска

Инспициент: Александар Рајковски
Суфлер: Тања Ивановска

ЧЕРКУН, ЈЕГОР ПЕТРОВИЧ, инженер - Тони Михајловски
АНА ФЈОДОРОВНА, негова жена - Габриела Петрушевска
ЦИГАНОВ, СЕРГЕЈ НИКОЛАЕВИЧ, инженер - Никола Ристановски
БОГАЕВСКА, ТАТЈАНА НИКОЛАЕВНА, сопственичка на куќата, земјопоседничка - Звездана Ангеловска
ЛИДИЈА ПАВЛОВНА, нејзина внука од сестра - Софиа Насевска - Трифуновска
РЕДОЗУБОВ, ВАСИЛИЈ ИВАНОВИЧ, претседател на општината - Владо Јовановски
ГРИША, негов син - Григор Јовановски
КАТЈА, негова ќерка - Ана Стојановска
ПРИТИКИН, АРХИП ФОМИЧ, трговец, шумски индустријалец - Оливер Митковски
ПРИТИКИНА, ПЕЛАГИЈА ИВАНОВНА, негова жена – Тања Кочовска
МОНАХОВ, МАВРИКИЈ ОСИПОВИЧ, даночник - Александар Микиќ
МОНАХОВА, НАДЕЖДА ПОЛИКАРПОВНА, негова жена - Верица Недеска
ГОЛОВАСТИКОВ, ПАВЛИН САВЕЛЕВИЧ, граѓанин - Сашко Коцев
ДРОБЈАЗГИН, чиновник во околиската благајна - Гораст Цветковски
ДОКТОР МАКАРОВ - Јордан Симонов
ВЕСЕЛКИНА, МАРИЈА ИВАНОВНА, ќерка на поштарот - Сашка Димитровска
ШЕФОТ НА ПОЛИЦИЈАТА – Емил Рубен
ИВАКИН, ИВАН ИВАНОВИЧ, бавчанџија и пчелар – Александар Ѓорѓиески
ЛУКИН СТЕПАН, студент, негов внук од сестра - Дамјан Цветановски
МАЖОТ НА ДУЊКА, човек без занимање - Ивица Димитријевиќ
МАТВЕЈ ГОГИН, селски момок - Александар Михајловски
СТЈОПА, собарка кај Черкун - Jана Вељановска
ЈЕФИМ, работник кај Ивакин - Стефан Спасов

Фотограф: Кире Галевски
Дизајнер на плакат и програмски каталог: Димитар Димитров
Уредник на програмски каталог: Загорка Поп-Антоска Андовска
Лектор на текстот и на програмскиот каталог: Јана Петревска


МАКСИМ ГОРКИ И НЕГОВИТЕ „ВАРВАРИ“ ВО 21 ВЕК
На 18.6.1936 година, Радио Москва известило дека починал Максим Горки, „голем руски автор, брилијантен уметник на зборот, пријател на работниците и борец за победата на комунизмот“. Иако му бил организиран државен погреб, Максим Горки починал како конфликтна личност, која се борела да ја зачува рамнотежата меѓу неговата уметничка свест и совест и неговата лојалност кон Сталиновиот режим. Кремљ го почестил Горки со државен закоп и речиси половина милион луѓе поминале покрај неговиот ковчег во специјалната капела во центарот на Москва. По кремирањето, урната со неговата пепел била сместена на украсена носилка и потоа носена до Црвениот плоштад од Сталин и неговите соработници на рамо, под будните очи на полицијата и армијата. Откако завршила церемонијата, урната била погребана во некрополата во ѕидот на Кремљ, што било спротивно на последната желба на писателот – да биде погребан веднаш до неговиот син на Новодевичјитe гробишта.
Алексеј Максимович Пешков го зел писателското име Максим Горки (буквално „Максим Горчливиот“) рано во својата младост. Пишувајќи за скитачите и за другите маргинализирани индивидуи во своите дела, за првпат во руската литература било претставено мноштво ликови од ниските социјални класи. Горки и самиот живеел на дното на општеството и така го имал од прва рака искуството на страдањето. Писателската слава на Горки почнала пред револуцијата, а неговите дела биле високо ценети од величини како Толстој и Чехов. Горки станал близок пријател на Ленин на почетокот на векот, така што кога болшевиците дошле на власт, Горки можел да брани многу писатели и поети што биле прогонувани од режимот. Ленин подоцна се уморил од Горкиевите интервенции во полза на неомилените интелектуалци и го убедил Горки да замине во странство за да си го подобри здравјето. Откако ја напуштил Русија во 1921 година, Горки со своето семејство патувал низ Европа пред да се насели во италијанскиот град Соренто. Во меѓувреме Ленин починал и Сталин ја презел власта. Тој бил решен да ја искористи уметноста како средство за обликување на општеството и барал славен писател за да го оправда сталинизмот. Го одбрал Горки. Писателот се вратил во СССР во 1932 година, каде што бил пречекан со многу почести. Но, како што одминувале 1930-тите, позицијата на Горки во советското општество станувала сѐ поконфликтна. Првиот конгрес на Сојузот на советските писатели бил закажан за летото 1944 година, а од Горки било побарано да го одржи говорот на отворањето. Но, во мај истата година, синот на писателот, Максим Пешков, починал неколку дена по враќањето од пијанка со Хенрих Јагода, шефот на НКВД. Се спекулирало дека Максим бил убиен за да биде преплашен Горки и да биде спречен да прави несакани коментари или потпалувачки говори за време на Конгресот. Напнатоста меѓу Горки и Сталин продолжила да расте сѐ додека односите не биле дефинитивно прекинати во јули 1935 година. Горки се повлекол од Првиот меѓународен конгрес на писатели во Париз во последен момент, повикувајќи се на здравствени проблеми. Иако Горки навистина бил тешко болен од туберкулоза, Сталин тоа го сфатил како непростливо предавство, особено поради тоа што настанот го организирала Русија. На Горки му било забрането да комуницира со странски писатели и бил ставен под постојан надзор, речиси затворен во неговата вила во центарот на Москва. Има гласини дека во своите последни години, Сталин побарал од Горки да му ја напише биографијата, но писателот категорично одбил.
Рускиот историчар Аркадиј Ваксберг тврди дека Горки не умрел од инфаркт, како што тврди официјалната верзија, туку дека бил отруен по налог на Сталин. Сепак, ова не е докажано, а писателот бил многу болен во последната фаза од неговиот живот.
Драмата „Варвари“, објавена во 1906 година на руски и на германски јазик, се одвива во едно зафрлено околиско гратче во кое се испратени двајца инженери. Тие ќе раководат со градењето железничка пруга, која треба да го донесе капитализмот и да ги усреќи жителите. Надежите се големи, калкулациите се уште поголеми, резултатите се разочарувачки.
Во судирот меѓу „дрвената и железната Русија“, во кој „железната“ го изнудува од „дрвената“ сето она што во неа колку-толку „вреди“, се решава проблемот на интелигенцијата. Носителите на буржоаската цивилизација во пиесата се инженерите Черкун и Циганов, кои дошле во зафрлениот град Верхополе да градат железничка пруга. Од самиот почеток Циганов го гледаме како гнасен циник и расипувач на човекови души. Под неговото отровно влијание, синот на градскиот поглавар Редозубов ќе почне да се опива, младиот селанец Матвеј Говин ќе стане ненаситник, ќе собира пари со кои сака да си „купи“ жена, а чиновникот Дробјазгин ќе краде државни пари... Расипувањето на луѓето му прави на Циганов вистинско задоволство, а тоа ја потврдува неговата зоолошка теорија. На почетокот, Черкун се чини поинаков. Енергичен, настојчив и работлив човек, иако по малку праволиниски во своите ставови и постапки. Не му се блиски без причина и неговата жена Ана, како и Лидија Павловна, која бара благородни идеали, но и Надежда Монахова, која копнее по вистинска љубов. Сепак, и Черкун ќе се покаже циник и егоист, како Циганов. Тој им е лут на луѓето, сака да се пресмета со нив за неговите понижувања во минатото, ќе ја згази љубовта на жена му, ќе ја оттурне Лидија Павловна, ќе ја доведе до самоубиство и Надежда Монахова. Еден од ликовите во пиесата, Черкун и Циганов ќе ги нарече варвари. На буржоаските „цивилизатори“ во пиесата ќе им се противстави студентот Степан Лукин. Тој добро знае дека „животот е полн со злостори“, знае и дека треба да им се стави крај, а за тоа се потребни „железни луѓе доколку сакаат да го препородат животот“. Но и знае дека нема сили за битка...
Во своето писмо по повод праизведбата, Горки советувал да му се обрне внимание на ликот на Монахова: „Таа искрено верува во можноста на некаква голема, пламена и чиста љубов, верува во човекот-херој, достоен за нејзината љубов. Од првата средба ќе го засака инженерот Черкун, поради неговите смели очи, реските решителни движења и таа ќе помисли: „Еве го човекот-херој!“ Покорно, но уверено го гледа, го чека. Не може да не мисли дека тој е за неа, а таа за него. Во последниот чин, таа наеднаш не може да поверува во својата грешка, но кога ќе ја согледа, нејзиното срце ќе умре.“
На сцената на Македонскиот народен театар во педесеттите и седумдесеттите години на 20-тиот век беа поставени драмите на Максим Горки „Малограѓани“ (1951), „На дното“ (1954) и „Децата на сонцето“ (1973).
Владимир Милчин


Технички раководител: Гунтер Кубе
Координатор на технички служби: Ивица Урдаревиќ
Инженер на светло: Даниела Атанасова
Дизајнер на светло: Игор Митревски
Светло-мајстор: Игор Георѓиев
Светло-оператер: Горјан Teмелкоски
Дизајнер на тон: Александар Петровски
Тон-мајстор: Стефан Михајловски
Видеооператор: Александар Ацески
Манипулант на горен и долен погон: Васко Бојаџиски, Горан Димов и Трајче Тасевски
Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Елизабета Стамчевска
Реквизитер: Снежана Грнчаревска, Павле Кралевски и Данил Цветковски
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Лора Спасовска
Декоратери: Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Мартин Китановски, Синан Ракиповски, Ибрахим Рамановски, Нерхан Османовски, Хусеин Халили, Зекирија Алим и Дурмиш Сефер
Изведувачи на сценографија: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар), Дарко Дуковски (вајар), Зоран Миновски (бравар) и Илија Николовски (столар)


You may also like the following events from Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar:

interested
Stay in the loop for updates and never miss a thing. Are you interested?
Yes
No

Ticket Info

Tickets for ВАРВАРИ can be booked here.

Advertisement

Nearby Hotels

11 Март, 1000 Skopje, North Macedonia, Улица 8ми Март 11, 1111 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Reserve your spot
Ask AI if this event suits you
Advertisement
ВАРВАРИ, 17 December | Event in Skopje | AllEvents
ВАРВАРИ
Wed, 17 Dec, 2025 at 08:00 pm