Концерт на Amplidyne Effect (solo)
📅26 септември 2025
📍Салон 19:19
⌚20 ч
Amplidyne Effect е импровизациски мултимедијален проект на Мартин Георгиевски (1988, Скопје), претпознатлив по експериментални, амбиентални и современо-класични звуци. Настапува соло или во колектив, преку концерти, фестивали и онлајн изведби.
Во изминатите години, проектот издаде бројни албуми и настапуваше на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои Похода (Словачка), Десонанз, Лајв Саундтрак (Белград), ToBe Continued (Италија), ПНЕМ Саунд Арт Фестивал (Холандија), Скопскиот џез фестивал итн.
На концертот ќе се претстави со соло импровизиран сет на пијано, клавијатури, гитара и лупови. Белгискиот медиум TURBULENCES VIDÉO го опиша неговиот последен албум како „Oрганска звучна атмосфера, балансирана меѓу психоделичен амбиент и кинематографско искуство, инспирирано од бетонската естетика на Скопје. Слушателот е повикан на нежна имерзија водена од кристални гитарски линии и електронски текстури. Во целина, Амплидајн Ефект успева да ја трансформира неизвесноста во аудиовизуелно „slow trip“ искуство што го впива слушателот во својот свет."
www.ampeff.com
amplidyneeffect.bandcamp.com