Интердисциплинарен и мултимедијален фестивал
КУЛТУРЕН АМАЛГАМ 2025
Културно информативен центар – Скопје,
📌 15 јули 2024, 20 ч
ПРОГРАМА:
📸 ФотоСинтеза, ревијална изложба на алтернативни фотографски техники
📌 Империјал 2, 20 ч.
🎬 Премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки „МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ“
📌 Салон 19:19, 21ч.
***
ФотоСинтеза, ревијална изложба на алтернативни фотографски техники
Фотоклубот Ирис е основан во 1958 година во рамките на Студентскиот културен дом во Темишвар, Романија. Оттогаш, тој претставува простор посветен на љубителите на фотографијата, каде што креативноста и традиционалните техники се среќаваат со ентузијазмот на новите генерации. Секоја година, членовите на клубот организираат практични работилници за аналогна фотографија и експериментираат со историски фотографски техники како што се цијанотипија, вандајк, гумоил или гум-бихромат.
Учесници: Алин Чиортеа, Марина Сантрач, Габриела Буза, Богдана Глига, Дајана Бекир, Клаудија Вирџинија Димоју, Сергиу Јереб, Јоана Настасе, Вали Хаваси, Кристи Горди, Родика Кошарба, Алин Пуичица, Марина Кармен Јаценциук, Сорана Бордаш, Лоредана Кирлан, Мариус Пархел, Георгијана Феиди, Андрада Дамијановскаја, Даниела Шиндерман, Дамиан Диаконеску, Овидиу Думитра, Цезар Тарну, Алекс Хуцу, Ѓорге Вулпеску, Мируна Басараба, Клаудиу Дунга, Кристијана Сидеи, Исис Монтагуд Варијон, Ела Јурча, Богдан Константин, Роланд Молдован, Попа Антонета, Дијана Кошери, Силвиу Преда, Александру Ротару, Анкуца Петреску, Бијана Криста, Андреа Ангел, Бијана Гаврила, Сергиу-Даниел Порав, Раиса Бучиу, Думитру Михаил Страка, Мируна Боари.
Соработка со Фотоклубот Ирис и Меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“.
МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ
Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините браќата Манаки се митологизирани, а додавањето на нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија, туку и во поширокиот балкански контекст. Поради оваа причина, секој факт и мислење презентиран во филмот МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.
Документарен филм, Македонија, 2017/2018, 70 мин., црно-бел/колор, ДСП
Режија: Роберт Јанкулоски
Сценарио: Илинденка Петрушева, Роберт Јанкулоски
***
Културно информативнит центар – Скопје влезе во нова приказна со нов проект во своето портфолио кој има интенција да стане традиционален. Овој пат тоа е фестивал во соработка со сродните културни центри од внатрешнста на Македонија.
Во својата основа патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ има за задача да отвори врати кон коренита децентрализација на културата во Македонија, а преку поставување темели на соработка во различни средини и низ различни градови. Соработката преку овој меѓуинституционален и мултимедијален проект треба да постави темел за нешто што во иднина може да се аплицира низ различни градови во Македонија, а по примерот на Кратово, Крушево, Битола, Скопје, да се вклучат и други градови и места.
Местата на кои ќе се одвиваат проектните активности ќе бидат сродни културни установи во кои веќе се одвива културна програма, а преку потпишување на овој меморандум за соработка. Целта е таквите места да се оживеат и да станат потенцијани почетни точки за самооорганизирање и културно делување. Фестивалот ќе придонесе за развој и унапредување на дејностите од областа на културата на територијата на Македонија, како и презентирање и афирмирање на уметничкото творештво преку изложби, проекции, работилници, трибини... Проектот треба да добие и поширок, регионален/интернационален карактер, и да постави темели за понатамошни активности и соработки.
Оваа година се планирани два града и сродни културни центри: Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центар за култура од Крива Паланка. Фокусот или тема за проектот за оваа година ќе биде фотографијата, нејзиниот историски развој и алтернативните техники, што се’ повеќе се популаризираат и враќаат на сцената.
***
КАЛЕНДАР:
• „Културно информативен центар – Скопје“, Скопје / 15 јули 2025, 20ч
• ЛУ „Градски музеј“ - Крива Паланка / 26 јули 2025
• НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово / 7 август 2025
• Завршен настан: „Културно информативен центар – Скопје“, Скопје / септември 2025 (TBC)
***
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РМ
You may also like the following events from Културно информативен центар - Скопје: