„ТРАНСМУТИРАНИ ДУШИ“ - изложба од м-р Филип Јовески | AllEvents

„ТРАНСМУТИРАНИ ДУШИ“ - изложба од м-р Филип Јовески

Highlights

Fri, 19 Sep, 2025 at 07:00 pm

Ликовна галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп

Advertisement

Date & Location

Fri, 19 Sep, 2025 at 07:00 pm - Fri, 26 Sep, 2025 at 10:00 am (CEST)

Ликовна галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп

Булевар Гоце Делчев 35, 7500 Прилеп, Северна Македонија, Bitola, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of

Save location for easier access

Only get lost while having fun, not on the road!

About the event

„ТРАНСМУТИРАНИ ДУШИ“ - изложба од м-р Филип Јовески
„ТРАНСМУТИРАНИ ДУШИ“ изложба од академскиот уметник м-р Филип Јовески

-Портретот е еден од најстарите жанрови во историјата на уметноста и датира од древниот Египет, од пред околу 5.000 години. Тоа е уметничко дело што ја раскажува приказната на една личност. Преку позата, говорот на телото и изразот на лицето, уметникот дава индиции за расположението и карактерот на неговиот субјект.
Иако на прв поглед, портретот може да изгледа дека е едноставно слика на личност или луѓе, ако погледнеме внимателно и поставиме повеќе аналитички прашања, портретите можат да ни кажат многу повеќе како за субјектот, така и за уметникот. Аристотел рекол: „Целта на уметноста е да го прикаже не надворешниот изглед на нештата, туку нивното внатрешно значење.“ Тоа е уметност на доловување на физичка сличност, но и стремеж да се претстави духот и карактерот на поединецот во секој потег на четката.
Денес, во времето кога селфито и дигиталните камери се дел од секојдневието, зошто портретот како уметничка форма е сè уште важен?
Во современата уметност, портретот има повеќе од она што се појмува со очи. Тој пронаоѓа бесконечни форми на изрази и повеќе не е маркер на статус, туку начин на истражување на животот на друга личност.
Целта на проектот е набљудувачите да се запрашаат: Зошто субјектот е прикажан во оваа позиција, токму на оваа локација, за разлика од која било друга? Зошто фигурацијата е апстрахирана или со десатурирани бои? Зошто насловот на портретот е таков и која е пораката што ја пренесува? Портретите ќе бидат изработени од различни материјали и во разни медиуми. Преку употреба на различните алатки, техники, бои и атмосфери, ќе ги претставам личноста, приказната и важноста на пораката на субјектите во портретот. Портретите ќе ни кажат за културата на личноста, нивната психологија, па дури и за поширокиот културен и општествен контекст". - вели уметникот.
*****************************************************
Филип Јовески е наградуван мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник и магистер по фини уметности, кој инспирацијата за своето творештво ја наоѓа во спојот на секојдневното и фантастичното, традиционалното и модерното, уметноста и технологијата, креативната перцепција и научното истражување.
Неговите дела претставуваат код, симбол и дестилација на концепти и идеи, засновани на личното искуство во областа на визуелните уметности, архитектурата, културното наследство, скулптурата, филмот, анимацијата и дигиталната уметност.
Неговиот визуелен јазик се движи помеѓу експресивна апстракција и имагинативна фигурација, помеѓу силни бои и потези и потиснати пастелни колорити. Ги истражува човековата психа, душа и тело низ призмата на личните и тековните локални и светски настани, и преку обсервација, интроспекција и саморефлексија создава дела кои инспирираат и потикнуваат промени како за личен, така и за одржлив развој.
Остварил уметнички студиски престои во Германија, Русија, Чешка и Англија. Реализирал самостојни изложби во Германија, Србија, Грција и С. Македонија, и учествувал на повеќе интернационални групни изложби, проекти, уметнички колонии и биеналиња. Член е на ДЛУМ, ДЛУБ и ДЛУП, а неговите дела се наоѓаат во јавни институции и приватни колекции во Северна Македонија, Германија и Англија.
**********
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам и е дел од годишната програма на НУЦК „Марко Цепенков“.

interested
Stay in the loop for updates and never miss a thing. Are you interested?
Yes
No

Ticket Info

To stay informed about ticket information or to know if tickets are not required, click the 'Notify me' button below.

Advertisement

Nearby Hotels

Ликовна галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп, Булевар Гоце Делчев 35, 7500 Прилеп, Северна Македонија, Bitola, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Get updates and reminders
Advertisement
„ТРАНСМУТИРАНИ ДУШИ“ - изложба од м-р Филип Јовески | AllEvents
„ТРАНСМУТИРАНИ ДУШИ“ - изложба од м-р Филип Јовески
Fri, 19 Sep, 2025 at 07:00 pm