🌟 Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на завршната конференција во рамки на проектот „Еразмус+ Патеки за Промена: Препознавање на Еразмус+ како Алатка за Ресоцијализација во Европските Казнено-Поправни Институции“, а воедно и да го одбележиме Меѓународниот ден на образованието во затвори.🌟
📅 13 октомври 2025 година (понеделник)
🕘 09:30 – 15:00 часот
📍 Офицерски дом – Битола
Целта на конференцијата е:
✨ Да се презентираат резултатите постигнати во рамките на проектот.
✨ Да се промовира Водичот за организации и институции кои работат со млади престапници.
✨ Да се поттикне употребата на програмите Еразмус+ и Европски Солидарен Корпус во корекционите установи.
👥 Програмата вклучува:
✔️ Презентација на резултати и истражувања
✔️ Говори од експерти и панел дискусија за моменталната ситуација во Македонија
✔️ Вмрежување и инспиративни дискусии
* Детална програма ќе биди наскоро објавена
🎯 Настанот е наменет за:
Претставници од организации и институции кои работат со млади осудени лица (директори, заменици, едукатори)
Образовни институции, НВО и социјални служби
Креатори на политики и владини претставници
Истражувачи и академици од областа на казнено право, образование и социјална интеграција
Едукатори, обучувачи и фасилитатори во неформално и стручно образование
Претставници од Националната агенција
Младински и социјални работници и други професионалци кои директно работат со млади осуденици
👉 Ве молиме да го потврдите Вашето присуство со регистрација на следниов линк, најдоцна до 12 октомври 2025 година.
https://forms.gle/JDouqSJ7TEXuDF1MA
🚍 За учесниците што доаѓаат надвор од Битола се покриваат патни трошоци (автобуски билет во два правци).
🙌 Очекуваме инспиративна средба исполнета со идеи, размена на практики и нови партнерства.
Проектот „Еразмус+ Патеки за Промена“ го спроведуваат ЕКЕ Битола, Универзитет "Еге" и АПЕнП, финансирани од Европската Унија, како дел од програмата Еразмус + во Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност во Северна Македонија.