Во тек е формирање на група за личен развој и едукација од областа на Гешталт терапија.
Оваа група е наменета за лица кои сакаат да работат на себе, да ја продлабочат свесноста за себе и да се развиваат во поддржувачка и доверлива средина.
Учеството во групата овозможува личен раст и развој, јакнење на самоподршката, свесност за сопствените потенцијали и нивна актуализација.
Истовремено, групата претставува дел од тренинг-програмата за Гешталт советници и психотерапевти според Европските стандарди и критериуми:
👉 I степен во траење од две години за Гештал советник
👉 II степен уште две - три години за Гешталт терапевт
Организација на работата:
👉 Едукативно - искуствени работилници за време на викенд, еднаш месечно
👉10 работилници годишно
👉 Максимален број на членови во група 12
👉 Водител на групата: Вера Димовска - лиценциран психолог и гешталт терапевт, носител на Европски сертификат за гешталт терапија
👉 Во реализацијата на Програмата, како едукатори ќе бидат вклучени и други гешталт терапевти со долгогодишно искуство во Гешталт терапијата и образованието.
Повеќе информации на:
📞 071 871 213
Пријавување на следниот линк:
📧
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSecXKwkJycI-fFh3O7pYPPwGRUTXTBH4gzpg2nNaSdYwzIOdA/viewform?usp=dialog
Ве очекуваме!
Што е Гешталт терапија?
Гешталт терапијата е хуманистичка, холистичка терапија ориентирана кон процесот, која има широка примена како психотерапевтски метод и како метод за личен и професионален развој.
Самиот збор „гешталт“ е од германско потекло и означува целина, конфигурација, кохезивност, форма која не може да биде разложена на елементи без да се изгуби нејзиниот квалитет. Гешталтот претставува нов, интегриран квалитет. Човекот претставува целина (гешталт) од тело, мисли, чувства и однесување, и има природна тенденција кон рамнотежа, здравје, раст и саморегулација.
Крајната цел на Гешталт терапијата е „созревање и понатамошен развој на човекот, промена од поддршка од средината кон поддршка во самиот себе“. Таа овозможува интеграција на телото, чувствата и разумот, при што се земаат предвид базичните потреби на личноста и контекстот во кој живее. Живеењето според гешталт принципите претставува своевидна филозофија и уметност на живеењето.