Ова е веќе втор ретрит во Македонија и единствен од ваков тип каде преку различни моќни техники допираме до длабочините во нас и при тоа ги исцелуваме!
Тука ќе ги најдеш луѓето што ќе те разберат и верзијата од себеси што долго ја бараш.
Во магичното село Зовиќ, во срцето на Мариово, те повикуваме на длабоко трансформативно патување - ретрит кој претставува вистинска алхемија на телото, умот и духот.
🗓 18 – 21 септември 2025
📍Етно Вила „Под Мостот“, Зовиќ – Мариово
💶 Цена: 333 € (вклучува сместување, 3 полупансиони + сите активности). За уплати и пријави до 20ти август - 50 еур попуст.
⛺️ Постои можност за присуство со шатори, во тој случај цената за ноќевања се намалува.
Без разлика дали доаѓаш сам или со пријател, ќе се поврзеш со луѓе што се на истото патување, кон исцелување, спремни за личен раст и развој, со љубов кон себе и враќање на внатрешната моќ.
Што те очекува?
• Техники на свесно дишење
• Длабоки медитации со високи фреквенции
• Реики, реконективно и шаманско енергетско исцелување
• Семејни констелации и работа со генерациска траума
• Емоционално ослободување и трансформација на ограничувачки верувања
• Психолошки игри и будење на внатрешното дете, разбирање на партнерски односи и односите со околината
• Бришење на Акаша записи
• Фланкировка – моќна техникапреку танц со сабји за баланс на лева и десна хемисфера и длабоко ослободување
• Движење и земјени ритуали и прошетки во природа
Ретритот вклучува:
✅️ 3 ноќевања, полупансион со здрави, локални оброци
✅️Сите работилници и водства од искусни фасилитатори од Македонија и Чешка (Јасмина Арсова, Верица Огњанова и Јан Тејчман)
✅️Простор за повлекување, река и природа за длабока поврзаност и внатрешен мир
Местата се ограничени, резервирај го твоето место сега!
Те очекуваме! 🤍✨️💫